Author: MC Ohrid

Денови на Младински Центри

Во периодот од 15 до 17 декември 2023 година, во Младински Центар Охрид, се одржа Семинар за вмрежување и унапредување на МЛАДИНСКАТА РАБОТА на кој учествуваа претставници на младинските центри од: Младински Центар Битола, Младински Центар Кавадарци, Младински Центар Пробиштип, Младински Центар Мултукулти Куманово, Youth Resource Center – ICan, Youth and Community Center – Gostivar, ЛМС Струмица, ЛМС Гостивар, како и службениците за млади од Општина Карпош и Општина Охрид.
Целта на овој семинар беше да се придонесе кон унапредување на младинската работа во центрите и подобрување на можностите за младите на локално ниво.
Со овој семинар се обезбеди можност за врежување и дијалог помеѓу младинските работници од младинските центри и службениците за млади преку взаемна размена на искуства, практики и можности за унапредување на младинската работа преку работата на центрите.
За време на сесиите беа споделени добри практики од спроведување на програми со млади, но исто така се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат младинските центри и службениците за млади.
Повеќе фотографии на следниот ЛИНК.

Младински круг – Уметност, култура и изразување

На 11 декември се реализраше последниот младински круг, предвиден за оваа година на тема: Уметност, култура и изразување.
Целта беше да се поттикне креативноста кај младите, дискутирање за улогата на уметноста и културата во општеството и истражување на патишта за младинско изразување и културна размена.
Со овој младински круг се затвора серијата на младински кругови за 2023 година во МЦО.

Промовиран ПРИРАЧНИКОТ за ученичко учество

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

На 06 декември 2023 година, Младински Центар Охрид го промовораше ПРИРАЧНИКОТ за функционирање на ученичка / младинска заедница.

Прирачникот за функционирање на ученичка / младинска заедница, е наменет за сите училишта, заедници на паралелки, ученички заедници и парламенти, одделенски раководители, како и за стручните служби, кои требада бидат главните носители, поддржувачи и промотори на демократската партиципација на учениците во училиштето.

На настанот присуствуваа претставници на ученичките / младински заедници и нивните координатори (професори) од три средни училишта во Општина Охрид: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ , СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и РЦСОО „Ванчо Питошески“.

Пред присутните им беше презентиран начинот за правилна и детална употреба на прирачникот со цел да помогнеме во промовирањето на активно и демократско учество на младите во младинската заедница.

Прирачникот содржи ресурси за градење капацитети и ефективна примена на правата на учениците во образовниот систем.

Ученичкото учество и организирање треба да се интегрираат во статутот на секое училиште.

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”13309,13303,13306,13307,13304,13308″ nav=”dots” fullscreen=”1″][/vc_column][/vc_row]

Конференција за младинско претприемништво во МЦО

Младински Центар Охрид организира Конференција за младинско претприемништво: „Иновации, млади и успешни бизнис приказни.“  

 

На 29 номеври (среда) со почеток во 10 часот  ќе се одржи Конференција насловена „Иновации, млади и успешни бизнис приказни.“   посветена на младинската вработеност, претприемништвото, иновации и образованието за претприемништво.

 

Конференцијата претставува одлична можност за вмрежуваме на младите и размена на идеи преку дискусија и информално учење.

 

Конференција се состои од 3 дела, и тоа:

  1. Панел дискусија, на која говорници ќе бидат:
  • Г-дин Бојан Кордалов, Комуниколог (модератор на панелот)
  • Г-дин Aлмир Рахимоски, Менаџер на операции The Perfect RIA
  • Г-a Емилија Колоска, Директор на маркетинг, Vinbee Natural Honey
  • Г-дин Јаков Јовановски, Проектен менаџер, Startup Macedonia

  1. Младински круг: „Претприемништво и вработување на млади“
  • Г-дин Иво Ристески, Младински работник во МЦО
  • Г-а Ангела Митеска, Младински работник во МЦО

Дискутирање за предизвиците и можностите за вработување на младите, промовирање на претприемништвото и истражување на стратегии за поттикнување на претприемачкиот начин на размислување кај младите.

 

  1. Работилница за развивање бизнис идеја
  • Проф. Војо Илоски

Развој на претприемачкиот дух на младите.

 

 

Младинско Летно списание YOUTH Vibe | Младински Центар Охрид

Почитувани, со огромно задоволство ви го претставуваме нашето прво Младинско Летно списание – YOUTH Vibe во електронска верзија!

„Youth Vibe“ е живописно и возбудливо летно младинско списание кое го обединува креативниот и енергичен дух на младите луѓе за да прикаже широк спектар на забавни, културни, уметнички, и спортски летни активности. Веруваме дека ова списание е совршена платформа за славење на ентузијазмот, талентите и соништата на младите. Нашата мисија е да ги поттикнеме и инспирираме младите поединци да го искористат максимумот од нивните летни паузи, нудејќи им вреден ресурс исполнет со привлечна содржина и можности.
Ова е првото издание на списанието кое во својата содржина е поделено во 3 категории: Култура, Млади и Спорт.

Во ова прво издание на нашето летно списание можете да ги најдете најинтересните летни настани во Охрид и Струга организирани од: Младински Центар Охрид, Охрид Џез Фестивал, ВИС Билјана, Охрид трчаТ, Културолошка Иницијатива 5 до 12, Ohrid Water Festival, Ohrid Ultra Trail, ИТК Македонија, Американско катче Струга, Peshtani Extreme Vertical и сл.

Списанието е изработено од членови на Медија клубот кој функционира во рамки на Младински Центар Охрид.
МАЈ-СЕПТЕМВРИ 2023

ИЗДАВАЧ: Младински Центар Охрид и Коалиција на младински организации СЕГА
АВТОРИ: Матеа Стоев, Наталија Танеска и Јован Цветкоски

Ви посакуваме да уживате во списанието,
Со почит,
Младински Центар Охрид

Е-Учество: Локална Стратегија за Млади на Општина Охрид

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Е-кампањата на Младински Центар Охрид се насочува кон зголемување пред се на младинската информираност, но и поттикнување на младинското учество.
Локалната Стратегијата за Млади ги поставува основните принципи и насоки за дејствување на сите чинители во општеството кои во крајна линија ќе доведат до остварување на потребите, правата, но и интересите на младите луѓе.
Кога е донесена Локалната стратегија за млади?
Кој е периодот на имплементација?
Што опфаќа Локалната стратегија за млади?

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”13237″][/vc_column][/vc_row]

Младински круг тема 3: Образование и развој на вештини

Младински круг тема 3: Образование и развој на вештини: Истражување начини за подобрување на образовните системи, промовирање на доживотното учење и решавање на јазот во вештините кај младите во светот кој брзо се менува.
Младинскиот круг ќе се одржи во Младински Центар Охрид (Conference Room) во петок, 10 ноември 2023 година, од 12:00 до 14:00 часот.
Ве очекуваме!

Формирани клубовите за ДЕБАТА и АКТИВИЗАМ во МЦО

Минатата недела официјално започнавме со младинските клубови на МОФ за ДЕБАТА и АРТИВИЗАМ.
Им посакуваме топло добредојде на сите нови членови.
Погледнете како си поминавме на првите предавања ТУКА.
Доколку си средношколец и сакаш слободното време да го поминеш квалитетно и исполнето тогаш пријави се во младинските клубови на следниот ЛИНК.
Клубовите им овозможуваат на младите неформално образование за дебата, медиумска писменост, поддршка за активизам, самоорганизирање и учество во процесите на одлучување. Дополнително, им обезбедуваат развој на лични и професионални вештини кои ќе им помогнат во секоја сфера во животот.

На 15ти октомври – Саем на рачни изработки во организација на МЦО

Повод 15ти октомври, светскиот ден на занаетчиство, Младински Центар Охрид организира Саем на рачни изработки со цел промоција и поддршка на малите бизниси и талентирани креативци.

Ве покануваме да го посетите саемот за рачни изработки, на плоштадот Христо Узунов од 12ч до 15ч, каде ќе можете да ги видете креациите на нашите локални мали бизниси за рачни изработки и секако да ги поддржете во нивната работа.

Младински работници од Србија, Бугарија, Италија и Македонија во посета на МЦО

На 03 октомври во посета на Младински Центар Охрид беа младински работници од Србија, Бугарија, Италија и Македонија. Претставници на НВО, претставници на младински центри како и млади кои работат во полето на младинското учество.

Посетата беше дел од обуката „Youth Workers Mobility“ кој ја спроведува Urban Stream во соработка со АСК-Асоцијација на советници за развој на кариера.

Целта на оваа посета беше споделување на добри практики, начинот на функционирање на Центарот и размена на ставови на повеќе теми: млади, младински форуми, институционална поддршка,  инклузија на младите и можност за соработка.

Првиот дел од посетата се состоеше од опсежна дискусија на повеќе теми, младинската работа во Македонија, Законот за младинско учество и младински политики и евентуални предизвици.

Во вториот дел искуствено беа пренесени начините и методите за работа со група.