ШТО Е МЦО?

МЦО е место каде ќе се спроведуваат програми кои ќе ја подобруваат благосостојбата на
младите, развојот на личниот, социјалниот и професионалниот живот на младите,
информации од важен интерес за младите и други аспекти од животот на младите.

Целта на постоењето на Младинскиот Центар Охрид е да се обезбеди соодветен и
безбеден простор каде ќе се спроведува системска поддршка на личниот развој на
младите луѓе и нивното активно вклучување во животот во заедницата преку:
– неформално образование: обучување и подучување на млади;
– информирање за различни можности;
– менторство и советување;
– информално – искуствено учење кое се случува во слободно време низ учество во
забавни и волонтерски активности организирани за и од млади.

Што нуди МЦО?   – Услуги на МЦО
 Простор за едукација, забава и креативно исполнување на слободното време на
младите;
 Едукативни и креативни работилници;
 Информирање за младински можности;
 Менторство, советување и поддршка при вработување;
 Поддршка и поттикнување на креативниот потенцијал на младите;
 Обуки за млади и претставници на младинскиот сектор;
 Вмрежување, соработка и поддршка на младинските организации и организациите
за млади од Охрид;
 Простор за организирање на работилници, обуки и конференции за локалните
организации.

Младинскиот центар Охрид ќе биде отворен секој работен ден и ќе биде достапен за
младите.

Во овој период младите можат да доаѓаат во Центарот, да учествуваат во програмските активности и да ги користат постојаните услуги или пак да се самоорганизираат, дружат и да ги користат достапните ресурси со поддршка на младинските работници од Центарот.

ВИЗИЈА, МИСИЈА, ЦЕЛИ

Принципи за работа во Младински Центар Охрид
1. МЦО и услугите кои ги нуди ќе бидат достапни за сите млади луѓе без исклучок.
2. МЦО гарантира еднаквост во пристапот на услугите на сите млади без оглед на
полот, потеклото, националната и верската припадност и социјалната категорија.
3. МЦО и услугите кои ги нуди ќе бидат лесно достапни за сите, а принципот на
работа меѓу вработените и младите ќе се одвива во пријателска атмосфера.
Работното време ќе се прилагоди на потребите на младите.
4. Секој корисник ќе биде услужен со акцент на индивидуален пристап на бараната
информација.
5. Со секоја дадена услуга ќе се почитува приватноста на корисникот (приватност на
личните податоци).
6. Услугите на МЦО ќе се даваат на професионален начин од страна на обучени
младински работници.
7. Понудените информации ќе бидат комплетни, редовно ажурирани, практични и
прилагодени за младите.
8. МЦО со услугите кои ги нуди ќе се стреми да опфати што поголем број на млади со
користење на креативен и иновативен избор на стратегии, методи и алатки.
9. Младите луѓе ќе ја имаат можноста да учествуваат на различни активности, преку
различни методи на младинската работа, на локално, регионално, национално и
меѓународно нивно.
10. МЦО ќе соработува и вмрежи со останатите младински организации и структури од
регионот, со институции и тела кои работат со млади.

Младинскиот Центар Охрид (МЦО) го раководи Коалиција на младински организации СЕГА, со финансиска поддршка и користење на адаптиран простор од Општина Охрид.