МЦО ПРАЈТОХРИД СЕГА
204

Денови на Младински Центри

Во периодот од 15 до 17 декември 2023 година, во Младински Центар Охрид, се одржа Семинар за вмрежување и унапредување на МЛАДИНСКАТА РАБОТА на кој учествуваа претставници на младинските центри од: Младински Центар Битола, Младински Центар Кавадарци, Младински Центар Пробиштип, Младински Центар Мултукулти Куманово, Youth Resource Center – ICan, Youth and Community Center – Gostivar, ЛМС Струмица, ЛМС Гостивар, како и службениците за млади од Општина Карпош и Општина Охрид.
Целта на овој семинар беше да се придонесе кон унапредување на младинската работа во центрите и подобрување на можностите за младите на локално ниво.
Со овој семинар се обезбеди можност за врежување и дијалог помеѓу младинските работници од младинските центри и службениците за млади преку взаемна размена на искуства, практики и можности за унапредување на младинската работа преку работата на центрите.
За време на сесиите беа споделени добри практики од спроведување на програми со млади, но исто така се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат младинските центри и службениците за млади.
Повеќе фотографии на следниот ЛИНК.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави