- Младински Центар Охрид нуди бесплатно користење на своите простории за организирање на активности за млади од Општина Охрид.
- За користење на просториите може да се пријават младински организации, организации за млади, образовни институции, бизнис сектор, други организации и институции како и физички лица кои сакаат да реализираат активност која вклучува млади и/или е наменета за млади.
- Просториите може да се користат исклучиво за некомерцијални цели.
- Барање за користење на просторија/ии треба да се достави најдоцна 14 дена пред планираниот настан.
- Доколку биде одобрено Вашето барање ќе биде потпишан Договор за користење на простории во кој подетално се уредуваат обврските на договорните страни.
ПРОСТОРИИ ВО МЦО

CONFERENCE ROOM
КАПАЦИТЕТ: 60
ГОЛЕМИНА: 74,85m2
НАМЕНА: конференции, дебати, предавања, филм, изложби, кетеринг, прес-конференции

ACTIVITY ROOM
КАПАЦИТЕТ: 40
ГОЛЕМИНА: 56,84m2
НАМЕНА: обуки, работилници, театар, танц, трибини, мултимедијални настани

MULTIPUROSE ROOM
КАПАЦИТЕТ: 20
ГОЛЕМИНА: 29m2
НАМЕНА: предавања, обуки, советувања

READING ROOM
КАПАЦИТЕТ: 5
ГОЛЕМИНА: 13,8m2
НАМЕНА: читална, уметничка работилница, советување

CHILL ZONE
КАПАЦИТЕТ: 20
ГОЛЕМИНА:
НАМЕНА: изложби, промоции, одмор

THE OFFICE
КАПАЦИТЕТ: 10
ГОЛЕМИНА: 33,5m2
НАМЕНА: состаноци, соработка, раководење и управување

SNACK BAR
КАПАЦИТЕТ: 15
ГОЛЕМИНА: 13,8 m2
НАМЕНА: кафетерија, ужина, коктел
ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА ЗА БЕСПЛАТНО КОРИСТЕЊЕ НА ПРОСТОР ВО МЦО
- Бесплатно користење на бараната/ите просторија/ии за потребите од настанот;
- Бесплатно користење на опремата (LCD проектор, флип-чарт табла, платно за проекции, работни маси, столчиња);
- Промоција на настанот на социјалните мрежи на МЦО;
- Бесплатно користење на фрижидер;
- Можност за користење на кафемат.
- Материјали за работа (папки, пенкала, флипчарт хартија, хартија и сл.)
- Лаптоп
- Учесници за својот настан
- Освежување (доколку е планирано)
- Храна (доколку е планирано)
- Домаќинско користење на дадената опрема и простор
- Враќање на користената опрема во првобитна состојба
- Да ја/ги остави користената/ите просторија/ии исчистени и во првобитна состојба
- Доколку настане било какво оштетување на опремата и просторот, ќе ја надомести штетата по моменталната пазарна цена.
- Барање за користење на просторија/и треба да се достави најдоцна 14 дена пред планираниот настан.
-
Наведените прашања во барањето треба целосно да се одговорат.
-
Според процедурата за користење на простор, откако ќе добиете на емаил одобрување на барањето за користење на простор, барателот ќе потпише Договор за користење на простор (најдоцна 5 дена пред одржување на настанот).
-
Настанот кој се организира не треба да биде за комерцијални цели