Иницијативата за формирање на Коалиција на младински организации беше покрената од страна на Младински Совет – Прилеп и две партнер-организации за аплицирање и имплементација на проектот “Младински Национален Акционен План”. Како продолжение на започнатиот процес, Коалицијата на Младински организации “СЕГА” неформално е формирана на 20 Јануари 2004 год. со цел да придонесе кон процесот на креирање и имплементација на Националната стратегија за млади на РМ и да помогне во исполнување на потребите на младите. На 27 Септември 2004 год. е донесена одлука за формално регистрирање на Коалицијата како здружение на граѓани.
СЕГА е национална платформа на младински организации во Северна Македонија, со повеќе од 18 години искуство во застапување за потребната законска легислатива за младинско учество, информирање, вработување и активизам.