МЛАДИНСКИ ЦЕНТАР ОХРИД
МИСИЈА
Младински Центар Охрид постои за да се обезбеди соодветен и безбеден простор каде ќе се спроведува системска поддршка на личниот развој на младите луѓе и нивното активно вклучување во животот во заедницата преку:
Неформално образование: обучување и подучување на млади
Информално искуствено учење преку забавни и волонтерски активности организирани за и од млади
Информирање, ментортство и советување
УСЛУГИ НА МЛАДИНСКИ ЦЕНТАР ОХРИД
ПРИНЦИПИ ЗА РАБОТА ВО МЛАДИНСКИ ЦЕНТАР ОХРИД
МЦО и услугите кои ги нуди ќе бидат достапни за сите млади луѓе без исклучок
МЦО гарантира еднаквост во пристапот на услугите на сите млади без оглед на полот, потеклото, националната и верската припадност и социјалната категорија
МЦО и услугите кои ги нуди ќе бидат лесно достапни за сите, а принципот на работа меѓу вработените и младите ќе се одвива во пријателска атмосфера. Работното време ќе се прилагоди на потребите на младите
Секој корисник ќе биде услужен со акцент на индивидуален пристап на бараната информација
Со секоја дадена услуга ќе се почитува приватноста на корисникот (приватност на личните податоци
Услугите на МЦО ќе се даваат на професионален начин од страна на обучени младински работници
Понудените информации ќе бидат комплетни, редовно ажурирани, практични и прилагодени за младите
МЦО со услугите кои ги нуди ќе се стреми да опфати што поголем број на млади со користење на креативен и иновативен избор на стратегии, методи и алатки
Младите луѓе ќе ја имаат можноста да учествуваат на различни активности, преку различни методи на младинската работа, на локално, регионално, национално и меѓународно нивно
МЦО ќе соработува и вмрежи со останатите младински организации и структури од регионот, со институции и тела кои работат со млади