ОХРИД СЕГА
411

Младински работници од Србија, Бугарија, Италија и Македонија во посета на МЦО

На 03 октомври во посета на Младински Центар Охрид беа младински работници од Србија, Бугарија, Италија и Македонија. Претставници на НВО, претставници на младински центри како и млади кои работат во полето на младинското учество.

Посетата беше дел од обуката „Youth Workers Mobility“ кој ја спроведува Urban Stream во соработка со АСК-Асоцијација на советници за развој на кариера.

Целта на оваа посета беше споделување на добри практики, начинот на функционирање на Центарот и размена на ставови на повеќе теми: млади, младински форуми, институционална поддршка,  инклузија на младите и можност за соработка.

Првиот дел од посетата се состоеше од опсежна дискусија на повеќе теми, младинската работа во Македонија, Законот за младинско учество и младински политики и евентуални предизвици.

Во вториот дел искуствено беа пренесени начините и методите за работа со група.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави