Младински Центар Охрид

Место за убај љуѓе!

Ај ре дојте!

Програми на Младински Центар Охрид

Младинско Учество

Унапредување и поттикнување на учеството на младите во процесите на донесување одлуки во  образовните институции и локлната заедница 

Младинско Информирање

Навремено и точно информирање на локалните млади за сите можности кои им се нудат

Вработување и претприемништво

Унапредување на личниот развој на младите и поттикнување на нивната вработливост

Култура

Младинскиот Центар Охрид ќе работи во насока на развивање на креативниот потенцијал на младите но и промоција на млади уметници и креативци

Неформално Образование

Посебен фокус во Програмата на МЦО ќе има и едукацијата на младите од Охрид, преку различни методи на неформално образование

МЦО е место каде ќе се спроведуваат програми кои ќе ја подобруваат благосостојбата на младите, развојот на личниот, социјалниот и професионалниот живот на младите, информации од важен интерес за младите и други аспекти од животот на младите.

Со Центарот раководи Коалиција на младински организации СЕГА, со финансиска поддршка и користење на адаптиран простор од Општина Охрид.

Станете дел од тимот на МЦО

Волонтерски клуб

Доколку сакате да придонесете во работата на Младински Центар Охрид пријавете се и станете дел од нашиот Волонтерски клуб

Креативен клуб

Сакате креативно да се изразувате, да творите и да споделувате искуства и идеи со ваши врсници, пријавете се во нашиот Креативен клуб

Постоиме за младите

Младинскиот Центар Охрид е отворен од понеделник до петок во периодот од 09.30 – 17.00 часот. 

Постоиме за младите од Охрид и сме отворени за соработка со младинските организации, организациите за млади, образовните институции, бизнис секторот и останатите институции за спроведување на активности и иницијативи во интерес на младите.

1+

Посетители

1

Настани

1+

Испиени кафиња

Користење на простор во МЦО

Младински Центар Охрид нуди можност за бесплатно користење на простории, за организација на настани и активности кои се во интерес на младите.

Извршен Директор на Коалиција на младински организации СЕГА

Зоран Илиески

Младинскиот Центар Охрид е во согласност со стандардите на европските центри за млади. Центарот ќе овозможи место каде младите квалитетно ќе го искористуваат слободното време, но и ќе ги надоградуваат своите знаења и способности, притоа придонесувајќи кон подобрување на квалитетот на живот на младите во Охрид

Рекоа за нас

Јованка Анѓелкоска, проф. по граѓанско образование

МЦО – пријатно и удобно место, со тим на млади позитивни луѓе, соработливи и достапни за секоја идеја. Можност за реализирање на неформални активности, како и одлично место за дружење на учениците, слободни да се изразат себеси. Нашата соработка беше во делот на реализција на работилница која се случи помеѓу ученици од две училишта, кои споделија различни мислења, одлично другаруваа и ширеа позитивна енегрија. Поддршката и соработката од страна на тимот на младинскиот центар ни овозможи целосна и успешна реализција на истата.

ШАХОВСКИ КЛУБ ЛАСКЕР

Прекрасно уреден простор во кој можат да се реализираат настани за сите  возрасти. Во Младински Центар Охрид Ние најдовме место и соработници со кои ги реализираме нашите активности.

МЦО ПРАЈТ

ОХРИД СЕГА

Коалиција на младински организации СЕГА е избрана младинска чадор организација да раководи со Младинскиот Центар Охрид со финансиска поддршка и адаптиран простор од Општина Охрид.