Програмски активности
385

МЦО оствари посета и средба при настан во Охридската Гимназија “МАНИКУЛТ”

Младински Центар Охрид  беше во посета и на Охридската Гимназија Св.Климент Охридски , по покана на настан во организација на  гимназијалците насловен – “МАНИКУЛТ”.
Настанот нудеше широка палета на содржини, т.е претстава, поетско читање, проекција на филм итн.

Посетата на настанот се искористи и за остварување средба со Директорката на Охридксата Гимназија – Светлана Велкоска, на која и беше претставена функцијата, работата и делувањето на МЦО, заедно со гимназијалците да ги посетат просториите на МЦО, каде дополнително може да се инспирираат за идни настани.

Истата пројави интерес околу што точно нуди центарот и на што го става својот акцент, при што да може да се изнајде точка на заедничко делување.
Самиот интерес го истакна по посета неколку денови по средбата, заедно со професори, меѓу кои и Славе Ѓорго Димоски, а и гимназијалци кои беа дел од настани во организација на МЦО.
Се иницираше потпишување меморандум, за зацврстување на соработката.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави