Младински Центар Охрид е место каде се подготвуваат и спроведуваат програми кои ќе ја подобруваат благосостојбата на младите, развојот на личниот, социјалниот и професионалниот живот на младите, информации од важен интерес за младите и други аспекти од животот на младите, согласно член 22 од Законот за младинско учество и младински политики.
Целта на постоењето на младинскиот центар Охрид е да обезбеди соодветен и безбеден простор каде ќе се спроведува системска поддршка на личниот развој на младите луѓе и нивното активно вклучување во животот во заедницата преку:
- неформално образование: обучување и подучување на млади;
- информирање, менторство, подучување и советување;
- информално искуствено учење кое се случува во слободно време низ учество во забавни и волонтерски активности организирани за и од млади.
Младинскиот центар е отворен секој работен ден и е достапен за младите најмалку 40 часа, распоредени во најмалку 5 дена неделно. Во овој период младите доаѓаат во Центарот, учествуваат во програмските активности и ги користат постојаните услуги, се дружат и ги користат достапните ресурси со поддршка на младинските работници од Центарот.
Периодот од 12.10.2022 (кога се отвори Младински Центар Охрид) до 31.12.2022 беше предвиден за промоција на Центарот, но во тој период МЦО организира или беше домаќин на 23 настани.
Сработеното во овој два и пол месечен период во 2022 година од отворањето на Младинскиот Центар Охрид само ги најавува активностите и сè она што ќе се случува во оваа 2023 година.
Младински Центар Охрид е место каде се создаваат убави приказни од млади за млади, но со тоа и за целото наше општество!