Младински Центар Охрид го реобјавува повикот за млади за учество во театарски работилници на возраст од 15 до 19 години.
Пријавата трае до 9ти февруари, а потоа конкретно се работи на спремање театарски производ кој ќе биде премиерно прикажан на 27ми март на Светскиот ден на театарот.
Театарскиот клуб го води Јован Цветкоски основач на Независната Аматерска Театарска Група (НАТГ) „Аматер“ од Охрид.
Доколку сте заинтересирани да ги научите основите на театарските вештини, да се надоградите и да учествувате во креирање и реализација на театарски производ пополнете ја пријавата и бидете дел од театарското патување !
Ве очекуваме !