Работилници за креативно пишување во МЦО

Шојмаш на ум? Искажи се на работилниците за креативно пишување!

Целта на работилницата e развивање на креативно и критичко размислување преку пишување и креирање финален продукт;

Кој може да учествува? Млади над 15 години, заинтересирани во пишаниот збор, оние кои сакат да творат, љубители на книги, пишување и јазици и сите оние кои сакаат да го подобрат своето пишување. Отворени за истражување нови теми, подготвени да се ослободат и креативно да се изразуваат и секако да бидат посветени и отворени за заедничка работа и комуникација.

 

Пријави се на ледниот ЛИНК.

Што ќе правиме? Ќе учиме основни и важни техники кога станува збор за креативно пишување. Ќе се истражуваат различни теми од сферата на образованието, литературата, јазиците, феминизам, природата, љубовта и секако секојденвниот живот.

 

Инаку Дамјана Видическа е бестрашен писател, наставник, преведувач и застапник за родова еднаквост. Преку нејзината проза, поезија и филмски проекти, таа ги предизвикува општествените норми и промовира омоќување. Родена 1996 година во Охрид, и отсекогаш покажувала голема страст за литературата и уметноста. Дамјана има магистрирано Англиски и креативно пишување како Фулбрајт студент на Универзитетот во Мисури, САД. Пишува на три јазици – македонски, англиски и германски и ги истражува предизвиците кога станува збор за пишување на втор, немајчин јазик. Има објавено три книги: „Мојата фамилија“ (2009), „Седумте желби“ (2011) и „Бруклин“ (2015). Нејзиниот книжевен придонес се проширува во списанијата како „Are We Europe“, „Body Collective“, „e(Lit“) и „Стожер“. Неодамна ѝ беше доделена наградата Френсис В. Кер за нејзината поезија и научно-документарна проза. Видическа беше и практикант во Persea Books, а е и член на Друштвото на писатели на Македонија и на Македонско-американската Алумни Асоцијација.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави