МЦО ПРАЈТПрограмски активности
856

Отворен ден во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид и промоција на програмата Гаранција за Млади

На 22 мај, Младински Центар Охрид учествуваше на отворениот ден во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид. МЦО ја искористи оваа можност со цел промоција на работата на Центарот, активностите и можностите за вклучување на локалните млади.

Една од целите на МЦО е и вработување на младите и  промоција на програмата Гаранција за Млади (посебна мерка од Оперативниот План за вработување) која е наменета за млади лица на возраст од 18 до 29 години, кои не се вработени, ниту вклучени во образование или обука.

За таа цел покрај тимот на МЦО, на штандот присуствуваа и координаторот на југозападен регион за Гаранција на млади – Јасминка Поповска и теренскиот работник на територија на Општина Охрид –  Јована Ристеска.

МЦО заедно со нив напорно работи на активирање на младите невработени лица на пазарот на труд преку програмата ГаранцијаЗаМлади !

Со приклучување кон ГаранцијаЗаМлади, можете да:

  • Добиете соодветни понуди за работа
  • Го продолжите Вашето образование
  • Учествувате во активните програми и мерки за вработување

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави