Младински Центар Охрид во соработка со ООУ “Кочо Рацин”- Охрид продолжи со неделните мотивирачки трибини „И јас сум од Кочо Рацин“. Говорник на трибината беше Виктор Илоски успешен бизнисмен во Охрид.
Трибана ја отвори директорката на ООУ „Кочо Рацин“ Г-ѓа Славица Котеска која говореше значењето на мотивирачките трибини и нивното влијание врз учениците.
Говорникот на денешната трибина пред учениците стави акцент на фактот дека упорноста и желбата се многу битни елементи за успешен бизнисмен и претприемач. Инаку Виктор Илоски е сопственик на една градежна компанија во Охрид и неколку хотели и ресторани долж охридската ривера.
Целта е да се мотивираат учениците во изборот на својата идна кариера. Трибините се наменети за учениците од VIII и IX одделение.
Мотивирачките трибини ќе бидат под наслов „ И јас сум од Кочо Рацин“, а гости ќе бидат поранешни ученици, денес успешни во својата кариера.