Category: ОХРИД СЕГА

ПРОМОЦИЈА НА ЗБИРКАТА РАСКАЗИ „ДРУГАРУВАМЕ СО ЛИЛИ И ВИЛИ“ ОД МЛАДАТА ПИСАТЕЛКА МАТЕА СТОЕВ

На 21.02.2023 (вторник) од 13:00ч во просториите на Младински Центар Охрид (Поранешна Касарна), во склоп на програмата повод 21ви февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик, младата писателка Матеа Стоев ќе го промовира своето второ литературно дело, збирката раскази „Другаруваме со Лили и Вили“, а од 13:30ч Матеа Стоев ќе одржи креативна работилница со децата од ООУ „Кочо Рацин“.

 

Утре, вторник, младата писателка од Охрид, Матеа Стоев, ќе одржи промоција на своето второ литературно дело, збирката раскази ,,Другаруваме со Лили и Вили”, книга која преку доживувањата на двата главни лика има за цел да пренесе порака која кај младата читателска публика ќе ги поттикне и развие љубовта, почитта, другарството, емпатијата, здравите навики итн.

Матеа Стоев зад себе го има и делото, збирка песни ,,Мојата шарена стихувалка”, а добитник е и на бројни награди од областа на литературата, музиката и науката.

Книгата ,,Другаруваме со Лили и Вили ” може да се најде во продажба во книжарниците ,,Снежана” во Охрид како и низ книжарниците во државава.

Потпишан меморандум за соработка со РЦСОО „Ванчо Питошески“

На 9 февруари Младински Центар Охрид потпиша меморандум за соработка со РЦСОО „Ванчо Питошески“– Охрид.

Целта на меморандумот е да овозможи успешно спроведување на активности во интерес на младите, преку взаемна соработка.

МЦО понуди простор за едукација, работа, дружба и креативност, како и тим за поддршка при реализација на конкретни активности, настани и идеи.

Директорот на училиштето Г-дин Марјан Радески се запозна со програмите на Центарот кои се есенцијални за сите млади, и тоа: младинското учество, младинско информирање, неформално образование, култура, вработување и претприемништво, на кои МЦО става акцент.

На средбата се дискутираше и за значењето на угостителството во Охрид, како една од главните стопански гранки. МЦО ќе помогне при подготвување информативен материјал за промоција и поддршка на туристичките вредности, поттикнување на сите туристички здруженија за соработка и промоција на туризмот.

Со овој меморандум само се официјализираше веќе воспоставената успeшна соработка.

Потпишан меморандум за соработка со ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски“

На 6 февруари Младински Центар Охрид потпиша меморандум за соработка со ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски“ – Охрид.

Целта на меморандумот е да овозможи успешно спроведување на активности во интерес на младите, преку взаемна соработка.

МЦО понуди простор за работа, дружба и креирање, како и тим за поддршка при реализација на конкретни активности, настани и идеи.

Директорот на училиштето Г-дин Сашо Недески се запозна со оските на делување кои се есенцијални за зголемување на младинското учество, т.е младинско информирање, неформално образование, култура, безбедност,  вработување и претприемништво, за секој млад човек, на кои МЦО става акцент.

Со овој меморандум само се официјализираше веќе воспоставената успeшна соработка.

 

Охрид трчаТ 2023 / Ohrid Running Weekend 2023

Повторно заедно, седми пат по ред! АК Охрид трчаТ и Охрид уште еднаш домаќини на трчањето, дружењето и забавата.
Бидете со нас, со нашиот викенд концепт кој ретко каде го имате.
Ние имаме 100 причини зошто требиТ да сте со нас.
21к, 5к, штафетен полумаратон и тим билдинг трки на 21к и 5к!
Почитувани тркачи, пријавите се, Охрид ве чекаТ!
Агенда/програма
02 јуни 2023 (Петок)
10:00-20:00 ЕКСПО
18:00-20:00 Стреч Вел
21:00 Ноќна трка (2км)
21:15 Концерт/Паста забава
03 јуни 2023 (Сабота)
09:00 Разгледување на стариот град (учесници полумаратон и штафетен полумаратон)
10:00-20:00 ЕКСПО
11:00 Посета на Св. Наум со брод (комерцијална понуда)
16:00-18:00 Стреч Вел
17:00 Панел дискусија
20:30-21:30 Ноќно крстарење (комерцијална понуда)
04 јуни 2023 (Недела)
08:00 Почеток на настанот
08:15 Стреч Вел загревање
08:30 Старт на 21к, штафетен полумаратон и тим билдинг 21к
08:35 Старт на 5к и тим билдинг 5к
09:00-11:00 Стреч Вел закрепнување
11:00 Концерт
За повеќе информации Ве молиме посетите ја нашата веб страна:
www.ohridtrcat.mk
Run, fun, enjoy Ohrid 2023!
Together again, the seventh time in a row! AK Ohrid trcaT and Ohrid once again hosts of the running, socializing and fun.
Be with us, with our weekend concept that you rarely have anywhere else.
We have 100 reasons why you should be with us.
21k, 5k, relay half marathon and team building races at 21k and 5k!
Dear runners, register, Ohrid is waiting for you!
Agenda/programme
June 02, 2023 (Friday)
10:00-20:00 EXPO
18:00-20:00 Stretch Wel
21:00 Night race (2km)
21:15 Concert/Pasta party
June 03, 2023 (Saturday)
09:00 Sightseeing of the old town (half marathon and relay half marathon participants)
10:00-20:00 EXPO
11:00 a.m. Visit to St. Naum by boat (commercial offer)
16:00-18:00 Stretch Wel
17:00 Panel discussion
20:30-21:30 Night cruise (commercial offer)
04 June 2023 (Sunday)
08:00 Start of the event
08:15 Stretch Well warm-up
08:30 Start of 21k, relay half marathon and team building 21k
08:35 Start of 5k and team building 5k
09:00-11:00 Stretch Well recovery
11:00 Concert
For more information please visit our website: www.ohridtrcat.mk
Run, fun, enjoy Ohrid 2023!

Промоција на романот за деца „Во душата на немиот свет“ од Даниела Илијоска

На 15-ти декември, од 12ч во НУ Градска библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, ќе се одржи на промоција на романот за деца „Во душата на немиот свет“ од писателката и поетеса Даниела Илијоска.
Книгата е во издание на Здружението за литература и други уметности „Креативна верига“, а финансирана од Министерството за култура. Водител на настанот е Јордан Коцевски, додека рецензент и промотор е Маја Мојсова. Воведен збор ќе има директорот на библиотеката, м-р Милчо Јованоски.
Во рецензијата за книгата, меѓу другото, се вели: „Романот за деца „Во душата на немиот свет“ енергично пулсира, канејќи ги на книжевна авантура не само децата, туку и возрасните. Отворени се сите двонасочни патеки, за размена на мислења, но и взаемно учење на едни од други, децата од возрасните, и обратно. Како катализатор во овие односи, се јавува повторно шумата, со сите нејзини жители. Симболично, пораките кои ги оставаат растенијата, животинките, птиците, но и останатите елементи од природата и појавите, се всушност пораки, кои човештвото треба континуирано да ги пренесува и применува кај секои нови и нови генерации. А, случките во романот, дел се предизвикани од природните текови, вообичаени појави, што се случуваат во таква средина, а дел ги носат влијанијата на човекот кон природата. Со подеднакво изразен интерес читателот ги следи и оние позитивните, и оние негативните дејства на децата и возрасните во шумската средина.“
Романот, покрај своите уметнички вредности, се вбројува и во листата на дела, што ја збогатуваат литературата за деца, која во последно време сè повеќе се популаризира.

„Звукот на фотографијата“ низ објективот на младите охридски фотографи

Во Младинскиот центар во Охрид – МЦО, на 10.12.2022 беше отворена изложбата „Звукот на фотографијата“ на која со избор фотографии се претставија шест млади фотографи од Охрид: Анамарија Момироска, Ива Јовановиќ, Анастасија Стојаноска, Христијан Јанкуловски, Никола Ставрески и Давор Левески.

Изложбата што се одржа во организација на Културолошка иницијатива „5 до 12“, ја отвори Јован Цветкоски, раководител на МЦО Охрид, а до присутните се обратија и присутните автори.

Изложбата на младите охридски фотографи во МЦО ќе биде отворена до 30 декември.