ПРОМОЦИЈА НА ЗБИРКАТА РАСКАЗИ „ДРУГАРУВАМЕ СО ЛИЛИ И ВИЛИ“ ОД МЛАДАТА ПИСАТЕЛКА МАТЕА СТОЕВ

На 21.02.2023 (вторник) од 13:00ч во просториите на Младински Центар Охрид (Поранешна Касарна), во склоп на програмата повод 21ви февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик, младата писателка Матеа Стоев ќе го промовира своето второ литературно дело, збирката раскази „Другаруваме со Лили и Вили“, а од 13:30ч Матеа Стоев ќе одржи креативна работилница со децата од ООУ „Кочо Рацин“.

 

Утре, вторник, младата писателка од Охрид, Матеа Стоев, ќе одржи промоција на своето второ литературно дело, збирката раскази ,,Другаруваме со Лили и Вили”, книга која преку доживувањата на двата главни лика има за цел да пренесе порака која кај младата читателска публика ќе ги поттикне и развие љубовта, почитта, другарството, емпатијата, здравите навики итн.

Матеа Стоев зад себе го има и делото, збирка песни ,,Мојата шарена стихувалка”, а добитник е и на бројни награди од областа на литературата, музиката и науката.

Книгата ,,Другаруваме со Лили и Вили ” може да се најде во продажба во книжарниците ,,Снежана” во Охрид како и низ книжарниците во државава.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави