Потпишан меморандум за соработка со РЦСОО „Ванчо Питошески“

На 9 февруари Младински Центар Охрид потпиша меморандум за соработка со РЦСОО „Ванчо Питошески“– Охрид.

Целта на меморандумот е да овозможи успешно спроведување на активности во интерес на младите, преку взаемна соработка.

МЦО понуди простор за едукација, работа, дружба и креативност, како и тим за поддршка при реализација на конкретни активности, настани и идеи.

Директорот на училиштето Г-дин Марјан Радески се запозна со програмите на Центарот кои се есенцијални за сите млади, и тоа: младинското учество, младинско информирање, неформално образование, култура, вработување и претприемништво, на кои МЦО става акцент.

На средбата се дискутираше и за значењето на угостителството во Охрид, како една од главните стопански гранки. МЦО ќе помогне при подготвување информативен материјал за промоција и поддршка на туристичките вредности, поттикнување на сите туристички здруженија за соработка и промоција на туризмот.

Со овој меморандум само се официјализираше веќе воспоставената успeшна соработка.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави