На 1 март Младински Центар Охрид потпиша меморандум за соработка со СУП Клуб Охрид.
Целта на меморандумот е да овозможи успешно спроведување на активности во интерес на младите, преку взаемна соработка и имплементација на програмски активности и настани од двете страни.
Со овој меморандум ќе се овозможи:
- Ширење и унапредување на едукација за подигнување на еколошката свест, културно издигнување и спортско образование на што поголем број млади од Охрид;
- Подигнивање на свеста кај јавноста за вредностите и значењето на културата, спорт, екологија, комуникација особено за младите;
- Поттикнување на спортскиот и културен дух кај младите
- Запознавање, препознавање и справување со предизвиците кои ги носат спортот, екологијата и културата;
МЦО понуди простор за едукација, работа, дружба и креативност, како и тим за поддршка при реализација на конкретни активности, настани и идеи.