На 12 мај 2023 година, од 12:00 до 14:00 часот, во Младински Центар Охрид се одржа Саем за образование и кариера.
На почетокот пред присутните се обрати Раководителот на МЦО, Јован Цветкоски кој им посака добредојде и им се заблагодари на учесниците на саемот и ја истакна значајноста на организирањето настани од ваков тип кој овозможуваат промоција на програмите на образовните институции и ги доближуваат до младите.
Потоа го покана заменик-гардоначалникот на Општина Охрид м-р Перчо Божиновски, официјално да го отвори саемот.
Драги ученици и идни студенти,
Ми причинува особено задоволство што сум меѓу Вас на отворањето на Саемот за образование и кариера што во организација на Младинскиот Центар денес се одржува во Охрид.
Денешново случување е посветено токму за вас, продолжете го својот пат во онаа образовна институција која вас најмногу ви одговара. Онаа во која ќе знаете дека ќе го дадете својот максимум за лично добро но и напредок на општеството.
На Младинскиот центар од Охрид му благодарам за одличната организација на настанот со желба истиот да добие традиционален карактер, а ние како Локална власт секогаш ќе поддржуваме вакви случувања
Истакна Божиновски.
На саемот присуствуваа претставници од четирите средни училишта од Општина Охрид и едно средно училиште од Општина Струга со промотивни материјали, каде ги презентираа нивните програми и можности за учење пред полуматурантите.
Покрај можностите за полуматурантите на саемот учество зедоа и дел од универзитетите и факултетите, каде имаа можност да ги претстават своите програми за студирање пред матурантите. На овој саем учествуваа: Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, АУЕ – ФОН, Факултетот за информатички технологии и науки „Св. Апостол Павле“ – Охрид и Градежен факултет при УКИМ.
Присутните имаа можност да се консултираат за нивните кариерни можности и надоградба од страна на лиценцирани кариерни советнци. Голема благодарност до Асоцијацијата на советници за развој на кариера АСК и Агенција за вработување на РСМ.
Се надеваме дека овој саем ќе прерасне во традиција која ќе се одржува секоја година, а со цел младите од Општина Охрид да бидат запознаени со можностите за нивниот понатамошен развој и кериерен напредок.
На 12 мај 2023 година (петок), од 12:00 до 14:00 часот, Младински Центар Охрид огранизира Саем за образование и кариера.
На истиот ќе присуствуваат претставници од средните училишта од Општина Охрид и две средни училишта од Општина Струга со промотивни материјали, каде ќе ги презентираат нивните програми и можности за учење пред полуматурантите.
Исто така на саемот ќе земат учество и Факултетот за туризам и угостителство, Универзитетот за информатички технологии и наука „Апостол Павле“ и дел од факултетите членки на УКИМ. Истите ќе ги презентираат своите програми пред матурантите од Општина Охрид.
Дополнително на истиот е предвидено да има кариерно советенување од страна на лиценцирани кариерни советници и музички дел во текот на целиот настан.
Целта на саемот е да се запознаат полуматураните и матураните од Општина Охрид за можностите за нивниот понатамошен развој и кериерен напредок.
На 28 април 2023 година, од 13:00 до 15:00 часот во Младински Центар Охрид се одржа натпревар во знаење (квиз) наменет за ученици од средните училишта во Општина Охрид.
Во квизот право на учество имаа екипи составени од 4 натпреварувачи од охридските средни школи. Се натпреваруваа вкупно 14 екипи, односно 56 учесници од три средни училишта и тоа: ОСУ „Св. Климент Охридски“, СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.
Квизот се реализираше во соработка со Македонската Квиз Асоцијација, и истоиот беше осмислен според следниот концепт:
Основниот концепт на квизот беше имаше ТРИ ГЛАВНИ ИГРИ, а вкупно во регуларниот дел од квизот имаше 40 прашања на повеќе различни теми (книжевност, историја, географија, биологија, хемија, физика, математика, ликовни уметности, дизајн, музика, забава, технологија, тв/радио, филм, култура).
Прашањата се читаа на глас, а беа напишани и на слајд на платно со помош на проектор.
По завршувањето на игрите и пресметувањето на поените се утврди дека 2 екипи имаат ист резултат т.е нерешено и треба да се „борат“ за 1 место. За таа цел само двете екипи играа „пенали“ каде одговараа истовремено на прашања. Прво се поставија 5 прашања, но и после тоа резултатот беше изедначен, па се продолжи со игра прашање по прашање на испаѓање. Првото прашање на кое една екипата ќе понуди точен, а другата неточен одговор, го дава победникот, но на крајот резултатот се’ уште беше изедначен и се одлучи да има ДВОЕН ПОБЕНИК.
Двата тима кои го освоија првото место беа од ОСУ „Св. Климент Охридски“.
Благодарност до претставниците на Македонската Квиз Асоцијација: Александар Боцески, Славчо Николовски и Стефан Јаковчески.
За првата игра дел од одговорите беа давани со кревање ливчиња со букви „А“, „Б“, „В“ и „Г“. Играта беше осмислена како 10+10 прашања, по принцип „едно изборно – едно суво“. Максимален број освоени поени изнесуваше 20.
Прво се поставуваше прашање на одредена тема, со 4 понудени одговори, од кои само еден е точен. Екипите имаа време за консултација, после што од нив се бараше да понудат одговор со кревање ливче со буква „А“, „Б“, „В“ или „Г“. Точен одговор носи еден поен. Неточен одговор не носи никакви последици, што значи дека е можно „гаѓање“. Екипите после добиваат можност да изберат дали да им биде поставено „подлабоко“ прашање на истата тема, но, овај пат, без понудени одговори. Одговорите за додатните прашања се даваа на лист кои екипите ќе ги подигнуваа на даден знак.
За точен одговор се добиваше уште еден поен, а за неточен се губи претходно освоен поен. Ако екипата нема претходно освоени поени, ќе влезе во минусно салдо. После секое прашање имаше и мал простор за дискусија со забавни факти во врска со темата.
Втората игра беше – Игра на слики. 10 прашања со потенцијални 10 поени.
На проектор се прикажуваа, една по една, 10 слики од познати личности, предмети, уметнички дела, знамиња или карти од држави. После секое прашање, односно, после секој слајд со слика, учесниците имаа време за консултација, после кое од нив беше побарано да ги кренат листовите со напишан одговор. Точен одговор носи еден поен. Неточен одговор не носи последици. Исто и во оваа игра, после прашањата имеше можност за кратка дискусија со интересни факти.
За третата игра, игра на „суви“ прашања, без понудени одговори. 10 прашања со потенцијални 10 поени.
Одговорите се запишуваа на листови после времето за консултација меѓу екипите. Точен одговор носи 1 поен, неточен одговор не носи никакви последици.
[vc_row][vc_column][vc_column_text]На 8 април најмладите членови на КУД ,,Пирамида” Охрид беа во посета на Младински Центар Охрид.
Целта на посетата беше од едукативен караткер. Го гледаа документарниот филм ,,Ренесанса на Балканските Египќани”.
По прикажувањето на филмот се отвори дискусија за значењето на културата, традицијата и уметноста на Египќаните, а особено за нивниот придонес во Охрид.
МЦО секогаш со поддршка за остварување на целосна инклузија на сите ![/vc_column_text][us_image_slider ids=”11019,11020,11021,11022,11024,11023,11025″ autoplay=”1″ fullscreen=”1″ autoplay_period=”5s” nav=”thumbs”][/vc_column][/vc_row]
[vc_row][vc_column][vc_column_text]Младински Центар Охрид, на ден 07.04.2023 година (петок) организира хуманитарен настан „Од срце за Бојан Крстески“ кој ќе се одржи на полигонот од поранешната Касарна Охрид.
Настанот е исто така поддржан од: Касарна Хаб, Malche Sound Production, Shilla, Пекара Илинче, Сендвичара Палма, Фризерски салон Младен.
Активности ќе има преку целиот ден, урбана уметност, пинг понг турнир, серва, шах, јамб, уно итн., а од 15 до 19ч ќе се пушта музика на звучници, DJ set на DJ Martino.
Да помогнеме, да бидеме хумани!
Со почит,
Младински Центар Охрид[/vc_column_text][us_image image=”10987″][/vc_column][/vc_row]
Секоја година, на 27ми март, луѓето ширум светот го слават „Светскиот ден на театарот“, посебен ден кој им оддава почит и признание на уметниците на глобално ниво. Овој ден служи како потсетник за важноста на театарот и како тој може да го едуцира општеството за грижи и проблеми во различни области. Театрите се еден од најистакнатите начини за прикажување на уметноста, културата и традицијата низ целиот свет. Преку театарските продукции може да се подигне свеста за постојаните социјални проблеми и неправди.
Меѓународниот театарски институт (МТИ) го востанови Светскиот ден на театарот во 1961 година и оттогаш се слави на 27ми март. Овој ден е обележан со различни национални и меѓународни театарски настани, а го одбележуваат и МТИ центри и разни организации поврзани со театарот, вклучувајќи театри, театарски професионалци и универзитети. Првата порака за Светскиот ден на театарот ја напиша Жан Кокто во 1962 година, а секоја година меѓународна порака се споделува со сите луѓе.
Темата за оваа година е фокусирана на „Театарот и културата на мирот“. Тоа е потсетување дека театарот е свет простор за актерите и преку него тие можат да го споделат своето чувство за хуманост со другите. Театарот има моќ да нѐ направи подобри луѓе и ни обезбедува платформа за подигнување на свеста за социјалните прашања.
Младински Центар Охрид во соработка со Регионален зелен центар Охрид почнувајќи од денес ја отвори изложбата на фотографии како дел од проектот „Мапирање и управување со трската во Охридското Езеро“.
Главна цел на проектот кој го реализираше РЗЦО е соодветно управување со појасите на трска во басенот на Охридското Езеро, што подразбира нивно мапирање и заштита. Водечки специфични цели се креирана јавна свест за значењето на трската и подигнување на степенот на законска заштита.
Изложбата во МЦО ќе биде отворена до 20 април.
Исто така на следниот линк можете да го гледате филмот кој ги прикажува убавините и значењето на трската за биодиверзитетот, потребата од нејзина соодветна заштита, како и моменталната состојба на појасот на трска во Охридското Езеро, кој го изработи Регионалниот зелен центар Охрид.
[vc_row][vc_column][vc_column_text]На 18 март, Младински Центар Охрид во соработка со „Драма Филм“ ДОО – Скопје организираа прикажување на краткометражни филмови.
„Ноќ на кратки филмови“ беше насловен настанот за сите млади љубители на кратка форма на филм. Настанот се состоеше од 2 дела, каде во првиот дел беа прокажани 4 краткометражни филмови и тоа:
Nest – directed by Todd Lien
Recursion – directed by Shariful Taher
10:35 – directed by Alan Sа’nchez
Willowstone – directed by Tom Sweeney
Во вториот дел премиерно се прикажа филмот The Ballad of Piargy – режисиран од Иво Трајков кој беше избран за најдобар игран филм на фестивалот. Три члена жири комисија составена од Стрезо Стаматоски, Филип Кипроски и Филип Ангеличин – Жура го избраа филмот.[/vc_column_text][us_image_slider ids=”10792,10782,10786,10783,10790,10787,10784,10788,10789,10791,10793,10785,10794″ nav=”thumbs” fullscreen=”1″ autoplay=”1″][/vc_column][/vc_row]