МЦО ПРАЈТ
534

Квиз во Младински Центар Охрид

На 28 април 2023 година, од 13:00 до 15:00 часот во Младински Центар Охрид се одржа натпревар во знаење (квиз) наменет за ученици од средните училишта во Општина Охрид.

Во квизот право на учество имаа екипи составени од 4 натпреварувачи од охридските средни школи. Се натпреваруваа вкупно 14 екипи, односно 56 учесници од три средни училишта и тоа: ОСУ „Св. Климент Охридски“, СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.

Квизот се реализираше во соработка со Македонската Квиз Асоцијација, и истоиот беше осмислен според следниот концепт:

Основниот концепт на квизот беше имаше ТРИ ГЛАВНИ ИГРИ, а вкупно во регуларниот дел од квизот имаше 40 прашања на повеќе различни теми (книжевност, историја, географија, биологија, хемија, физика, математика, ликовни уметности, дизајн, музика, забава, технологија, тв/радио, филм, култура).

Прашањата се читаа на глас, а беа напишани и на слајд на платно со помош на проектор.

По завршувањето на игрите и пресметувањето на поените се утврди дека 2 екипи имаат ист резултат т.е нерешено и треба да се „борат“ за 1 место. За таа цел само двете екипи играа „пенали“ каде одговараа истовремено на прашања. Прво се поставија 5 прашања, но и после тоа резултатот беше изедначен, па се продолжи со игра прашање по прашање на испаѓање. Првото прашање на кое една екипата ќе понуди точен, а другата неточен одговор, го дава победникот, но на крајот резултатот се’ уште беше изедначен и се одлучи да има ДВОЕН ПОБЕНИК.

Двата тима кои го освоија првото место беа од ОСУ „Св. Климент Охридски“.

Благодарност до претставниците на Македонската Квиз Асоцијација: Александар Боцески, Славчо Николовски и Стефан Јаковчески.

ПОВЕЌЕ ЗА КВИЗОТ: 

За првата игра дел од одговорите беа давани со кревање ливчиња со букви „А“, „Б“, „В“ и „Г“.  Играта беше осмислена како 10+10 прашања, по принцип „едно изборно – едно суво“. Максимален број освоени поени изнесуваше 20.

Прво се поставуваше прашање на одредена тема, со 4 понудени одговори, од кои само еден е точен. Екипите имаа време за консултација, после што од нив се бараше да понудат одговор со кревање ливче со буква „А“, „Б“, „В“ или „Г“. Точен одговор носи еден поен. Неточен одговор не носи никакви последици, што значи дека е можно „гаѓање“. Екипите после добиваат можност да изберат дали да им биде поставено „подлабоко“ прашање на истата тема, но, овај пат, без понудени одговори. Одговорите за додатните прашања се даваа на лист кои екипите ќе ги подигнуваа на даден знак.

За точен одговор се добиваше уште еден поен, а за неточен се губи претходно освоен поен. Ако екипата нема претходно освоени поени, ќе влезе во минусно салдо. После секое прашање  имаше и мал простор за дискусија со забавни факти во врска со темата.

Втората игра беше – Игра на слики. 10 прашања со потенцијални 10 поени.

На проектор се прикажуваа, една по една, 10 слики од познати личности, предмети, уметнички дела, знамиња или карти од држави. После секое прашање, односно, после секој слајд со слика, учесниците имаа време за консултација, после кое од нив беше побарано да ги кренат листовите со напишан одговор. Точен одговор носи еден поен. Неточен одговор не носи последици. Исто и во оваа игра, после прашањата имеше можност за кратка дискусија со интересни факти.

За третата игра, игра на „суви“ прашања, без понудени одговори. 10 прашања со потенцијални 10 поени.

Одговорите се запишуваа на листови после времето за консултација меѓу екипите. Точен одговор носи 1 поен, неточен одговор не носи никакви последици.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави