Category: МЦО ПРАЈТ
Формирани клубовите за ДЕБАТА и АКТИВИЗАМ во МЦО

Младински Круг на тема „Климатски промени и одржливост на животната средина“.
[vc_row][vc_column][vc_column_text]
[/vc_column_text][us_image_slider ids=”12900,12901,12902,12903,12904,12905,12906,12907,12908,12909,12910,12911,12912,12913,12914″][/vc_column][/vc_row]
Театарски работилници во Младински Центар Охрид од месец октомври
Младински Центар Охрид објавува повик за млади за учество во театарски работилници на возраст од 15 до 19 години.
Работилниците започнуваат од 02 октомври со времетраење од 2 месеци.
Театарските работилници ќе ги води Јован Цветкоски основач на Независната Аматерска Театарска Група (НАТГ) „Аматер“ од Охрид.
Доколку сте заинтересирани да ги научите основите на театарските вештини, да се надоградите и да учествувате во креирање и реализација на театарски производ пополнете ја пријавата и бидете дел од театарското патување !
Ве очекуваме !
Волонтерите на Младински Центар остварија успех на Ohrid Water Festival
На 22 август 2023, во рамки на четвртиот ден од Ohrid Water Festival, се одржаа СУП трките за деца, млади и возрасни организирани од SUP Club Ohrid.
На истата учествуваа нашите волонтери Марија Жилеска и Стефан Бушиноски. Стефан се натпреваруваше во кетегоријата млади од 16-21 година и освои 1 место. Марија беше дел од првата група каде го освои 4 место.

Трките се реализираа во 3 категории и тоа – спринт трки на 500 метри:
- Првата трка за деца од 10 – 15 години (Палас – хотел SU)
- Втората трка за млади од 16 – 21 година (Палас – хотел SU)
- Рекреативно веслање предвиденo за сите учесници над 21 година (Палас – Канео – Палас)

Одлично поминат ден исполнет со забава и авантура на вода ! Овој настан беше совршена прилика младите да ги покажат своите вештини и да се дружат и уживаат на вода.
Одбележан меѓународниот ден на млади со музички хепенининг и серија на културни и спортски активности
[vc_row columns=”1″][vc_column][vc_column_text]Младински Центар Охрид во чест на “Меѓународниот Ден на Млади” – 12 август организираше Недела на Млади со низа активности од различен карактер во просториите и дворот на МЦО.
Истата беше во период од 7 – 11 август, каде имаше различни видови креативни работилници, практични и едукативни, дискусија на тема Ментално Здравје, Летна Школа за Гитара и многу други каде беа вклучени различни категории млади лица.
На 11.08.2023 година се организираше голем настан, кој имаше повеќе точки од кои:
- Првата активност која се реализираше на 11.08.2023 година и за прв пат во МЦО, беше Детска Атлетика во соработка со Атлетичарски Клуб – Охрид ТрчаТ.
- Втора активност беше Работилница за Цртање на Канвас со Проф. Жанета Стаиќ.
- Наредно беше поставена изложба во Дворот на МЦО на млад фотограф – Нина Ангелоска.
-
Прикажани беа 3 краткометражни филмови од млади охридски артисти
1. RED – Дамјана Видическа2. 4891 – Ивана Мирчевска3. Црногорци во Охрид – Ристе Спироски и Валентин Цветаноски
Програмата во склоп на Кампањата Недела на Млади во организација на МЦО, се финализираше со Официјално Обраќања на Раководителот на МЦО – Јован Цветкоски, Заменик Градоначалникот на Општина Охрид – Перчо Божиновски, и Извршниот Директор на Невладината Чадор Организација – Коалиција на Младински Организации СЕГА, која го води МЦО -Зоран Илиевски.
[/vc_column_text][us_image_slider ids=”12571,12570,12573,12576,12574,12566,12567,12578,12568,12565,12564,12563,12562,12556,12557,12552,12551,12553,12554,12538,12539,12534,12540,12541,12542,12543,12537,12536,12548,12549,12546,12560″][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]
[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]
Недела на млади – Младински Кругови на Тема: Ментално Здравје
Инклузивна Креативна Работилница – Уреди го дворот на Касарна
Рекреативен пинг-понг турнир во МЦО
На 30 јуни, во организација на Младински Центар Охрид се одржа рекреативен пинг-понг турнир. Се играше до 3 добиени сета и освоени 21 поен.

Турнирот се играше во 2 категории: индивидуалец и парови. Во категорија индивидуалец I место освои Андреј Маркоски додека пак, во категорија парови I место освоија Петар Стефаноски и Андреј Маркоски.

Учеството на турнирот беше БЕСПЛАТНО, а победниците освоија пинг-понг палка.

Се гледаме повторно !
Саем за промоција на волонтерски можности во граѓански организации од Охрид
Со почит,
Младински Центар Охрид