Денес, Младински Центар Охрид заедно со ВОПС спроведе инклузивна креативна работилница.
Вмрежување, делување и прифаќање на различностите е она што беше во фокусот на денешната работилница.
Заедно, секој по малку, можеме да направиме многу.
Чекор по чекор, го уредуваме надворешниот простор на Касарна, каде во периодот што следи ќе се случуваат активности од различен карактер, како работилници, разни игри и натпревари, неформални дружби и седенки, проекции на отворено и уште многу други културни, забавни и едукативни настани со единствен акцент на МЛАДИ.