Младински Центар Охрид во чест на “Меѓународниот Ден на Млади” – 12 август организираше Недела на Млади со низа активности од различен карактер во просториите и дворот на МЦО.
Истата беше во период од 7 – 11 август, каде имаше различни видови креативни работилници, практични и едукативни, дискусија на тема Ментално Здравје, Летна Школа за Гитара и многу други каде беа вклучени различни категории млади лица.
На 11.08.2023 година се организираше голем настан, кој имаше повеќе точки од кои:
- Првата активност која се реализираше на 11.08.2023 година и за прв пат во МЦО, беше Детска Атлетика во соработка со Атлетичарски Клуб – Охрид ТрчаТ.
- Втора активност беше Работилница за Цртање на Канвас со Проф. Жанета Стаиќ.
- Наредно беше поставена изложба во Дворот на МЦО на млад фотограф – Нина Ангелоска.
-
Прикажани беа 3 краткометражни филмови од млади охридски артисти
1. RED – Дамјана Видическа2. 4891 – Ивана Мирчевска3. Црногорци во Охрид – Ристе Спироски и Валентин Цветаноски
Програмата во склоп на Кампањата Недела на Млади во организација на МЦО, се финализираше со Официјално Обраќања на Раководителот на МЦО – Јован Цветкоски, Заменик Градоначалникот на Општина Охрид – Перчо Божиновски, и Извршниот Директор на Невладината Чадор Организација – Коалиција на Младински Организации СЕГА, која го води МЦО -Зоран Илиевски.