Category: ИНФОРМИРАЈ СЕ

Денови на кариера – Охрид

Со цел да им го олесниме процесот на вработување, или на избор на соодветна професија на младите, планираме да организираме Career Days Денови на кариера-Охрид.

Целта на настанот е младите да се запознаат со можностите што се нудат од ИТ компаниите во Охрид, а компаниите да се промовираат и запознаат со потенцијалните вработени.
Настанот е отворен за сите кои сакаат да учествуваат.

Настанот е овозможен преку проектот Roads Not Taken: Municipality of Ohrid Going Green, Smart, Innovative (OHRID GO), финансиран од Европската унија. Проектот се спроведува од Општина Охрид и од Стелар Солушнс Скопје. Во следните две години во Касарна Хаб планирани се низа настани, едукации, менторства и вмрежување на лица кои имаат идеи за иновативни бизниси со потенцијални инвеститори.

Ве очекуваме,
Тимот на Касарна Хаб
Инфо телефон 070 206 432

„Звукот на фотографијата“ низ објективот на младите охридски фотографи

Во Младинскиот центар во Охрид – МЦО, на 10.12.2022 беше отворена изложбата „Звукот на фотографијата“ на која со избор фотографии се претставија шест млади фотографи од Охрид: Анамарија Момироска, Ива Јовановиќ, Анастасија Стојаноска, Христијан Јанкуловски, Никола Ставрески и Давор Левески.

Изложбата што се одржа во организација на Културолошка иницијатива „5 до 12“, ја отвори Јован Цветкоски, раководител на МЦО Охрид, а до присутните се обратија и присутните автори.

Изложбата на младите охридски фотографи во МЦО ќе биде отворена до 30 декември.

 

Регионален зелен центар Охрид

Здружението за заштита и одржлив развој Регионален зелен центар Охрид е непрофитна, невладина организација со седиште во Охрид. Регионалниот зелен центар (РЗЦ) е регистриран во Март 2019 година, но е и сукцесор на извидничката организација во Охрид со искуство во спроведување на активности за заштита и унапредување на животната средина посебно во сливот на Охридското Езеро и поширокиот Дримски Басен.

Најважните активности, всушност, се поврзани со спроведување и организација на одбележувањето на Денот на Дрим 2019, 2020, 2021 но и учество во мониторинг активности за квалитетот на водите во Езерото и водотеците во сливот на пандемијата.

 

Email: [email protected]

Телефонски број: +389 76 489 868

Facebook: https://www.facebook.com/greencenterohrid