Author: MC Ohrid

Младински Круг на тема „Климатски промени и одржливост на животната средина“. 

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Денес во просториите на МЦО се одржа вториот Младински Круг на тема „Климатски промени и одржливост на животната средина“. 
Целта на овој Младински круг беше подигање на свеста за климатските промени, дискусија за одржливи практики и истражување на иницијативите предводени од младите за зачувување на животната средина.
На Младинскиот Круг учествуваа ученици од ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” и СОСУ “Св.Кирил и Методиј”-Охрид , како и членовите од Локалниот совет на млади при Општина Охрид.
Учесниците дадоа свој осврт и свои видувања на темата, предизвиците како и можните решенија, при што се разви плодна дискусија.
Остануваат уште три Младински Кругови до крајот на годината на различни теми.
Stay tuned!

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”12900,12901,12902,12903,12904,12905,12906,12907,12908,12909,12910,12911,12912,12913,12914″][/vc_column][/vc_row]

Театарски работилници во Младински Центар Охрид од месец октомври

Младински Центар Охрид објавува повик за млади за учество во театарски работилници на возраст од 15 до 19 години.

Работилниците започнуваат од 02 октомври со времетраење од 2 месеци.

Театарските работилници ќе ги води Јован Цветкоски основач на Независната Аматерска Театарска Група (НАТГ) „Аматер“ од Охрид.

Доколку сте заинтересирани да ги научите основите на театарските вештини, да се надоградите и да учествувате во креирање и реализација на театарски производ пополнете ја пријавата и бидете дел од театарското патување !

Ве очекуваме !

Inclusive Wellness Society – Летен пливачки камп и трибина за инклузија на ITK Macedonia

Овој викенд со поддршка од Европската Унија и нејзините механизми, ITK Macedonia организира уникатен настан на брегот на Охридското езеро.

Повеќе информации следуваат наскоро на нивната Facebook страница.

Следете ги!

Волонтерите на Младински Центар остварија успех на Ohrid Water Festival

На 22 август 2023, во рамки на четвртиот ден од Ohrid Water Festival, се одржаа СУП трките за деца, млади и возрасни организирани од SUP Club Ohrid.

На истата учествуваа нашите волонтери Марија Жилеска и Стефан Бушиноски. Стефан  се натпреваруваше во кетегоријата млади од 16-21 година и освои 1 место. Марија беше дел од првата група каде го освои 4 место.

Трките се реализираа во 3 категории и тоа – спринт трки на 500 метри:

  1. Првата трка за деца од 10 – 15 години (Палас – хотел SU)
  2. Втората трка за млади од 16 – 21 година (Палас – хотел SU)
  3. Рекреативно веслање предвиденo за сите учесници над 21 година (Палас – Канео – Палас)

Одлично поминат ден исполнет со забава и авантура на вода ! Овој настан беше совршена прилика младите да ги покажат своите вештини и да се дружат и уживаат на вода.

 

Недела на млади – Практична работилница за рециклирање

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Во склоп на програмата Недела на Млади, во чест на “Меѓународниот ден на млади”, на 08.08.2023, во 09:30ч, во дворот на МЦО, се реализираше – Практична работилница за рециклирање, во соработка со Енхелеус Лихнид во , при која се стави акцент на важноста од оддржлив развој, бидејки ресурсите со кои располагаме се ретки и органичени и токму нивна пренамена е нашето решение.
На истата, од гуми за велосипеди се изработија каиши во само неколку чекори, при што на креативен начин ставивме акцент на есенцијалноста од Рециклирање.

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”12699,12700,12701,12702,12703,12704″]

Млади од Турција, Романија и Црна Гора во посета на МЦО

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

На 14 август во посета на Младински Центар Охрид беа млади од Турција, Романија и Црна Гора. Претставници на НВО, претставници на младински центри како и млади вработени во јавните институции кои работат во секторите за млади и спорт.

Посетата беше дел од обуката „Youth participation in democratic life“ кој ја спроведува Младински Совет Прилеп.

Целта на оваа посета беше споделување на добри практики, начинот на функционирање на Центарот и размена на ставови на повеќе теми: млади, младински форуми, институционална поддршка,  инклузија на младите и можност за соработка.

Првиот дел од посетата се состоеше од опсежна дискусија на повеќе теми,  а во вториот дел се реализираше кратка работилница на тема „Климтаски промени“ бидејќи годинешната тема повод Меѓународниот ден на младите беше токму поврзана со зелени вештини за млади и заеднички до одржлив развој и позелен свет.

На покана на МЦО на дискусијата присуствуваа и новите претставници на Локалниот совет на млади при Општина Охрид со цел вмрежување со младите.

Исто така на дискусијата присуствуваше и претставник од Одделението за Млади и невладини од Општина Охрид.

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”12636,12640,12639,12641,12637,12642,12643,12644″ nav=”dots” fullscreen=”1″ autoplay=”1″][/vc_column][/vc_row]

Одбележан меѓународниот ден на млади со музички хепенининг и серија на културни и спортски активности

[vc_row columns=”1″][vc_column][vc_column_text]Младински Центар Охрид во чест на “Меѓународниот Ден на Млади” – 12 август организираше Недела на Млади со низа активности од различен карактер во просториите и дворот на МЦО.

Истата беше во период од 7 – 11 август, каде имаше различни видови  креативни работилници,  практични и едукативни, дискусија на тема Ментално Здравје, Летна Школа за Гитара и многу други каде беа вклучени различни категории млади лица.

На 11.08.2023 година се организираше голем настан, кој имаше повеќе точки од кои:

 

  • Првата активност која се реализираше на 11.08.2023 година и за прв пат во МЦО, беше Детска Атлетика во соработка со Атлетичарски Клуб – Охрид ТрчаТ.
  • Втора активност беше Работилница за Цртање на Канвас со Проф. Жанета Стаиќ.
  • Наредно беше поставена изложба во Дворот на МЦО на млад фотограф – Нина Ангелоска.
  • Прикажани беа 3 краткометражни филмови од млади охридски артисти
    1. RED – Дамјана Видическа
    2. 4891 – Ивана Мирчевска
    3. Црногорци во Охрид – Ристе Спироски и Валентин Цветаноски

Програмата во склоп на Кампањата Недела на Млади во организација на МЦО, се финализираше со Официјално Обраќања на Раководителот на МЦО – Јован Цветкоски, Заменик Градоначалникот на Општина Охрид – Перчо Божиновски, и Извршниот Директор на Невладината Чадор Организација – Коалиција на Младински Организации СЕГА, која го води МЦО -Зоран Илиевски.

Следеше музичка точка, каде имавме можност да уживаме во друштво на Два2 Бенд и DJ сет њ/ Rile Relax.

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”12571,12570,12573,12576,12574,12566,12567,12578,12568,12565,12564,12563,12562,12556,12557,12552,12551,12553,12554,12538,12539,12534,12540,12541,12542,12543,12537,12536,12548,12549,12546,12560″][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]

Недела на млади – Младински Кругови на Тема: Ментално Здравје

 Продолжува кампањата за Недела на Млади во МЦО.
 Денес, со почеток во 18ч во просториите на МЦО –  Conference Room, имаме Младински Кругови на тема Ментално Здравје, каде ќе дискутираме што се е ментално здравје, предизвици, и сето тоа од перспектива на различни категории млади лица, од кои и млади психолози.
Ве очекуваме да поразговараме што се, е Ментално Здравје и како до негова добросостојба!
Tags:

Младински Центар Охрид организира Недела на Млади

Почитувани,
Младински Центар Охрид повод 12ти aвгуст – Светски ден на млади, организира Недела на млади преку серија на активности и настани од 7ми до 11ти август 2023та.
Работилници, забавни игри, проекции, DJ сет, музички бенд, изложба, летна школа итн.
Ќе ни биде особена чест доколку ги посетите настаните, присуствувате, активно се вклучите во нив со што ќе дадеме посебен акцент на младите во нашиот град.
Бидете дел од нашето прво прославување на овој ден во првата година од Младински Центар Охрид.
Ве очекуваме!
Со почит,
тимот на МЦО
Можеби е графика на еден или повеќемина, мапа и текст
Tags:

Инклузивна Креативна Работилница – Уреди го дворот на Касарна

Денес, Младински Центар Охрид заедно со ВОПС спроведе инклузивна креативна работилница.
Вмрежување, делување и прифаќање на различностите е она што беше во фокусот на денешната работилница.
Заедно, секој по малку, можеме да направиме многу.
Чекор по чекор, го уредуваме надворешниот простор на Касарна, каде во периодот што следи ќе се случуваат активности од различен карактер, како работилници, разни игри и натпревари, неформални дружби и седенки, проекции на отворено и уште многу други културни, забавни и едукативни настани со единствен акцент на МЛАДИ.
Tags: