Инфо за Млади
211

Oбука за финансиска писменост „FINYES“

Во периодот од 6 до 8 февруари 2024, во Младински Центар Охрид членовите на ЛМО при ОЕМУЦ од Охрид имаа можност да присуствуваат на обуката за финансиска писменост во рамки на проектот „FINYES“.

Обуката беше одлична можност за младите да се запознаат со финансии на несекојдневен начин.

Преку симулација во 3 рунди по 2 периоди го унапредија своето знаење за финансии, препознавање на можностите и инвестициите.

Обучувачи на обуката беа проф. Ирена Ралева-Најдевска и проф. Меланија Анѓелкоска, додека ментор беше интернационалниот ЦЕФЕ обучувач – Валентина Тодороска.

Соработката помеѓу претставникот на ЦЕФЕ Македонија и ЛМО при ОЕМУЦ  во оваа прилика се покажа како успешна благодарение на тимскиот дух, довербата и посветеноста.

Проектот „Финансиска писменост за млади претприемачи – Fin Yes“ е поддржан од страна на U.S. Embassy North Macedonia

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави