Инфо за МладиИНФОРМИРАЈ СЕ
562

Можност за учество на тридневна работилница

Здружението за културни и општествени иницијативи „Вретено“ – Скопје организира тридневна интерактивна работилница за млади. BODY KIND –  е можност за младите помеѓу 16 и 19 години да се запознаат со концептот „слика за тело“ во општествениот дијалог и да стекнат индивидуални вештини поврзани со критичко размислување, медиумска писменост, комуникација и тимска работа.

КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ВКЛУЧИ: Млади на возраст од 16 до 19 години

КОГА: од 04.05.2023 (четврток) 12.00 часот до 06.05.2023 (сабота) 15.00 часот

КАДЕ: Скопје

  • Вклучени се оброци и освежување за учесници надвор од Скопје
  • Сместувањето и патните трошоци ќе бидат покриени
  • Учесниците под 18 години потребно е да обезбедат писмена согласност од родител за учество на работилницата
  • За дел активностите потребно е познавање на англиски јазик

Формуларот за пријава на учество можете да го најдете тука.

Работилницата, која е дел од поширок проект на темата слика за тело кај младите луѓе, се основа на методи од неформалното образование и зборува за теми поврзани со сликата за тело како што се влијанието на медиумите (особено социјалните медиуми), концепти како „боди позитивност“ и „боди неутралност“, врснички притисок, стереотипи поврзани со сликата за тело (на индивидулно и општествено ниво), како и развој на позитивни практики поврзани со градење на здрава слика за сопственото тело и прифаќање на различностите во својата блиска и поширока средина.

 

*Работилницата е дел од проектот BODY KIND, поддржан од програмата за млади Еrasmus + под водство на латвиската организација Piepildīto sap yu istaba и во партнерство на чешката организација Mission: Reconnect.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави