Презентација на Грантови за организации и медиуми на Амбасадата на САД

На 21 февруари  ги покануваме сите непрофитни организации, вклучувајќи тинк-тенкови и граѓански здруженија/невладини организации, како и независни медиуми да присуствуваат на презентацијата.

Аметиканско катче Струга организира презентација на Грантови за организации и медиуми на Амбасадата на САД.

Презентацијата ќе се одржи во Младински Центар Охрид, од 16:00 до 17:20 часот.

Презентација ќе биде за грантовите кои ги доделува Комисијата за демократија при Амбасадата на САД во Скопје (Democracy Commission Small Grants Program), во насока на поддржување на развојот на демократските институции во нашата земја.

Присутните ќе имаат можност да слушнат директно од одговорните лица за грантови при Амбасадата, Надица Жакула и Габриела Алексова. Ќе добијат информации за тоа кои теми и сегменти се приоритети на програмата, кои се критериумите за избор, процесот на аплицирање и други технички податоци, а секако ќе имаат можност и да поставуваат прашања.

You might also like:
No results found.
Like this article? Share with your friends!

Read also: