МЦО ПРАЈТПрограмски активности
555

Мотивирачка трибина со Борче Димоски

Младински Центар Охрид во соработка со ООУ “Кочо Рацин”- Охрид продолжи со неделните мотивирачки трибини „И јас сум од Кочо Рацин“.  Говорник на трибината беше Борче Димоски успешен претприемач и сопственик на „Digital Box“ – Охрид.

Трибана ја отвори директорката на ООУ „Кочо Рацин“ Г-ѓа Славица Котеска.

Говорникот на трибина стави акцент на фактот дека упорноста, но пред се желбата и љубовта се најбитни за успешен претприемач. Секогаш се учат нови работи, а како пример наведе дека иако има завршено средно стручно образование, сепак се одлучил високото образование да го продолжи на факултетот за Мултимедија.

Инаку Борче Димоски е сопственик на продукцијата „DigitalBox“ во Охрид, со многу успешни проекти низ целиот свет. Има воспоставено соработка со домашни и странски комапнии и организации како што се: „Nike“, „Бучен Козјак“, Специјална очна болница „Деница“, ГРК „Охрид“, „Dr. Batkoski“, „ОхридТрчат“, „OhridUltraTrail“, „BMW“, „Културолошка иницијатива 5до12“, „Ohrid News“, Бутик „Posh“, „Google“, Летна бавча „Канео“, хотел „Александрија“ и слично.

 

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави