Младински Центар Охрид распишува литературен конкурс по повод 21ви февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик, на тема: „Векувањето на македонскиот јазик“!
ИНСТРУКЦИИ:
1. Право на учество на конкурсот имаат сите ученици од средните училишта во Охрид!
2. Доставените литературни творби треба да бидат поезија или проза на зададената тема на овој конкурс.
3. Литературните творби треба да се испратат во електронска форма на email адресата на Младински Центар Охрид [email protected] со назнака Литературен Конкурс.
4. Учесниците на конкурсот се пријавуваат под шифра и возраста на учесникот (примери: поетот08 15 год.; 2911* 17 год.), а право на учество имаат оригинални литературни творби кои претходно не се објавувани.
5. Добитниците со посебен примерок од литературната творба го докажуваат авторството.
6. Изборот на најдобрите литературни творби ќе го изврши стручна тричлена комисија, која ја формира Младински Центар Охрид.
7. Рокот за пријавување на творбите важи од 01.02.2023 до 15.02.2023 год.
8. Ќе се доделат три награди во две групи (проза и поезија) на 21.02.2023та во Младински Центар Охрид.
*За повеќе информации слободно контактирајте нè на нашата email адреса: [email protected]
Ги очекуваме вашите творби!
Младински Центар Охрид