МЦО ПРАЈТ
199

Промоција на ProfilPASS и S4Е методологија

На ден 05.04.2024, се реализираше локална акција во склоп на проект за Промоција на ProfilPASS и Sport4Employability, со Поддршка на Сојуза младинска работа и Германски Институт за Меѓународна Соработка – ГИЗ.
\Со соработка помеѓу Младински Центар Охрид и Младински Центар Битола, дел од локалните акции беа учесници од Охрид и од Битола.
Истите имаа можност да научат повеќе за кариерен раст и развој, да се стекнат со нови знаења со цел успешна апликација за работа, но и да добијат сознанија за нова германска методологија за кариерен раст и развој, која се имплементира кај нас, како и можност за бесплатна сесија за кариерен раст и развој.
•••ProfilPASS е методологија која се фокусира на силните страни на индивидуата, пронаоѓање на своите компетенции како и понатамошни чекори преку Сертификатот кој се стекнува со завршување на Обуката со Сертифициран Кариерен Советник.•••
Учесниците имаа можност да бидат дел и од Тим Билдинг Активност со посета на Охридски Музеј на Вода – Заливот на Коските.
* Младински Центар Охрид нуди можност за бесплатна обука со ProfilPASS со Сертифициран Кариерен Советник.
Дополнително, на ден 08.04.2024 ученици од ОЕМУЦ,,Св.Наум Охридски” и ученици од СОСУ ,, Св. Кирил и Методиј” беа дел од локални акции во склоп на Проект за Промоција на ProfilPASS и Sport4Employability методологија со поддршка на Сојуз за младинска работа/Union for Youth Work и Германски Институт за Меѓународна Соработка – ГИЗ.
Истите беа дел од посета на Младински Центар Битола, каде имаа можност да се вмрежуваат и да споделат добри практики.
Активностите беа со фокус на методологијата Sport4Employability, со што првично се стави краток осврт на ProfilPASS.
Активностите се реализираа во Градскиот Парк во Битола, каде истите имаа можност да се запознаат, да го истакнат својот натпреварувачки и тимски дух, како и да се поттикнат на размислување во насока на својот кариерен раст и развој како и своите компетенции.
Понатаму учесниците имаа можност преку тим билдинг активност да посетат едно од старите историски места познати во Битола, т.н Хераклеа.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави