На 3 и 4 јуни 2023 година, МЦО беше дел од Охрид трчаТ. Заедно со дел од волонтерите ја промовираа работата на Младинскиот Центар, активностите, можностите за вклучување на локалните млади во текот на летниот период, како и активностите кои следуваат.
Улиците на Охрид беа исполнети со позитивни лица кои уживаа во трчањето и убавините на градот со вредното културно и природно наследство заштитено од УНЕСКО. Седмото издание на „Охрид трчаТ“ повторно го стави Охрид на светската мапа.
На „Охрид трчаТ“, учествуваа рекордни 1930 учесници од 28 држави, а беа вклучени над 400 волонтери.