Инфо за Млади
187

Конкурс за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови

МОН објави конкурс за студенти запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови  низ земјата:

Во студиската 2023/2024 година во студентските домови во Република Северна Македонија ќе се примат 4480 редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни установи.

Рокот за пријавување на студентите од II година и повисоките години почнува од
17.07.2023 година и трае до 31.07.2023 година.

Рокот за пријавување на студентите од I година почнува од 01.09.2023 година и трае
до 11.09.2023 година.

Повеќе детали за распределбата на расположливи места, условите за прием,
начините на пријавување и документација можете да најдете на следниот линк.

 

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави