Инфо за Млади
286

Коалиција СЕГА објавува јавен повик за млади лица, кои сакаат да се стекнат со интеркултурно искуство и да ги зајакнат своите дигитални вештини 

Коалиција на младински организации СЕГА објавува јавен повик за млади лица (на возраст од 18 до 25 години) кои сакаат да се стекнат со интеркултурно искуство и да ги зајакнат своите дигитални вештини!

Од проектот Connextion’s планирани се следните активности со млади: 
Јануари 2024 – Дигитална (online) интерктурна размена со млади од Франција, Белгија и Тунис. 
Февруари (24 и 25) 2024 – Хибридна младинска размена во Охрид 
 
Март и април 2024 – последователни онлајн активности од размените 
Заинтересираните лица кои сакаат да земат учество треба да ја пополнат пријавата на следниов линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdDVF_4jC6D214owfiKXZhnVxasf8DxpiTqOTUpWtKOelduYw/viewform?usp=pp_url
Краен рок за пријавување е 01.12.2023 година. 
*Во пријавата имате можност да се пријавите како:
  • соработник (co-builder) каде што ќе бидете вклучени во помали тимови за креирање на публикации и онлајн кампања заедно со проектниот тим
  • учесник каде што би учествувале само на погоре наведените активности.
Трошоците за пат, сместување и храна за хибридната интеркултурна размена во Охрид ќе бидат целосно покриени од организазаторот.
Проектот Connections го спроведува E&D како водечка организација од Франција во партнерство со Eclosio од Белгија, Тунискиот младински форум од Тунис и Коалиција на младински организации СЕГА од Македонија. Проектот е поддржан од Европската Комисија во рамките на програмата Еразмус+, Клучна акција 2.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави