Category: ИНФОРМИРАЈ СЕ

Светски ден на поезијата

Повод 21ви март – Светски ден на поезијата Младински Центар Охрид со поддршка на младите поети на авторска поезија.

Амарето 

Пргаво, но махинално

вшмукувам допамин

од матката на Месечината…

 

Ја будиш

карлицата на муграта

со дисперзијата

на азурниот вруток

од твоите очи.

 

Мојата еклатантна фрагилност

кон твојата статуа

ја чувствуваат сите

освен си.

 

Надвладеана сум

од порозната вибрација

на еритроцитите

и молецот

кој нагризува серотонин

од папокот на

твојата ингениозност.

 

Ах, диригенту

на мојата хипертензија,

предизвикуваш

загушлива дискрепанција

помеѓу разумов и срцево.

 

За толку кратко време

стана его

на моите афирмации

та дури и аурата

на мојава слуз

е синхронизирана

со еликсирот на аметист.

 

Грешна сум зашто

виделото без тебе

лишено е од сите

енергенси на Демиург

кој впрочем

мојата галежна лика

ја илуминира со очаен гамбит.

 

Ах, која е таа

морбидна синергија,

која во мене евоцира

пиетет со детска енигма?

 

Запали ми свеќа,

насликај некролог

на мојата багатела

зашто додека дишам без тебе,

еквивалентна ми е смртта.

Ангела Србиноска

 

Татковино моја, низ стихови и боја

Околу тебе, природата раскошен ѓердан нанижала,

скапоцен ѓердан од убавини насекаде раширила.

Низ срцето твое, бисерниот Вардар тече,

приказните свои, од Вруток сѐ до Егејот ги влече.

Татковино, од сонце, копнеж и надеж си родена,

низ пепел, трње и тешки крвави патеки си водена,

низ песни со кавал, зурли и тапани си опеана,

со вечен пламен на татково огниште си облеана.

Со шаренило од бои во твоето срце си обоена:

црвена – за љубовта, за крвта јуначка пролеана,

портокалова – за тутунот, за утрата искапени во лавина,

жолта – за узреаните жита, за сончевата убавина,

зелена – за моликата, планините и падините бујни,

сина – за жуборењата на изворите и реките чујни,

виолетова – за пурпурното небо каде сонцето заспива,

розова – за цветните ливади чиј мирис секого опива,

бела – за лебедите, за посакуваните мугри Рацинови,

црна – за маките и страдањата на народот, стари и нови.

кафеава – за ковчегот каде спокојно царува традицијата,

сива – за тврдините од камен изградени, за историјата.

Овој животворен спектар од бои во вечноста ќе тлее,

песна за тебе во бесконечноста секогаш ќе се пее.

Ти си плод од копнеж и убавина кој во секого зрее,

љубовта кон тебе, татковино, сите ќе нѐ грее!

                                                      Надица Тасеска

Куќа

Стои во тајност запретана длабоко таа куќа

во жолта кожа на која се лепат комарци

Ноќе ја напаѓаат соништа самотија дење

и молчи меѓу острите боцки на зборот

Стои во тајност додека гаснат прозорците

додека вратата се закатанува

Потајум доаѓа ко безветрие преточено во езерска шир

малото девојче и ја учи љубовта

додека во крилја од лилјаци темницата се шири

и под стреите се гласи заморот на денот

додека по старите прозорци се растура солза

и тивки шурки несоници по подот лазат

додека по ѕидот времето уморно плиска

и по таванот страсти и немири висат

Малото девојче на прагот се растура во бајка

и додека плаче пулсираат нејзините гради

во безоблична мисла

и мачна атмосфера се впива во подот

Стои во тајност запретана длабоко таа куќа

Славе Ѓорѓо Димоски

Изложба на фотографии во МЦО

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Младински Центар Охрид во соработка со Регионален зелен центар Охрид почнувајќи од денес ја отвори изложбата на фотографии како дел од проектот „Мапирање и управување со трската во Охридското Езеро“.

Главна цел на проектот кој го реализираше РЗЦО е соодветно управување со појасите на трска во басенот на Охридското Езеро, што подразбира нивно мапирање и заштита. Водечки специфични цели се креирана јавна свест за значењето на трската и подигнување на степенот на законска заштита.

Изложбата  во МЦО ќе биде отворена до 20 април.

Исто така на следниот линк можете да го гледате филмот кој ги прикажува убавините и значењето на трската за биодиверзитетот, потребата од нејзина соодветна заштита, како и моменталната состојба на појасот на трска во Охридското Езеро, кој го изработи  Регионалниот зелен центар Охрид.

 

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”10804,10805,10806,10807,10808,10809,10810,10811,10812,10813,10814,10815″ nav=”thumbs” fullscreen=”1″ autoplay=”1″][/vc_column][/vc_row]

Ноќ на кратки филмови

[vc_row][vc_column][vc_column_text]На 18 март, Младински Центар Охрид во соработка со „Драма Филм“ ДОО – Скопје организираа прикажување на краткометражни филмови.

 

„Ноќ на кратки филмови“ беше насловен настанот за сите млади љубители на кратка форма на филм. Настанот се состоеше од 2 дела, каде во првиот дел беа прокажани 4 краткометражни филмови и тоа:

 

  • Nest – directed by Todd Lien
  • Recursion – directed by Shariful Taher
  • 10:35 – directed by Alan Sа’nchez
  • Willowstone – directed by Tom Sweeney

Во вториот дел премиерно се прикажа филмот The Ballad of Piargy – режисиран од Иво Трајков кој беше избран за најдобар игран филм на фестивалот. Три члена жири комисија составена од Стрезо Стаматоски, Филип Кипроски и Филип Ангеличин – Жура го избраа филмот.[/vc_column_text][us_image_slider ids=”10792,10782,10786,10783,10790,10787,10784,10788,10789,10791,10793,10785,10794″ nav=”thumbs” fullscreen=”1″ autoplay=”1″][/vc_column][/vc_row]

Официјализирана соработката помеѓу МЦО и Американско катче Струга

На 16 март Младински Центар Охрид потпиша меморандум за соработка со Американско катче Струга.

Целта на меморандумот е да овозможи успешно спроведување на активности во интерес на младите, преку взаемна соработка и имплементација на програмски активности и настани од двете страни.

Со овој меморандум ќе се овозможи:

  • Работилници за медумска писменост за млади;
  • Работилници за наука и технологија;
  • Презентации за образовни можности и стипендии во САД;
  • Проекција на филмови;

Со нетрпение очекуваме да понудиме повеќе одлични можности за младите во Струга и Охрид.

ПРОМОЦИЈА НА МЛАДИ ПОЕТИ ПОВОД 21 МАРТ – СВЕТСКИ ДЕН НА ПОЕЗИЈАТА

Доколку си млад поет или едноставно си вљубеник во пишаниот збор и сакаш да пишуваш поетски творби, но досега си немал/а можност и поддршка да ја претставиш својата поезија, слободно контактирајте не’ и испратете ни ваша поетска творба најдоцна до 19ти март, за да биде објавена на нашите социјални мрежи со ваше име и презиме, повод 21ви март – Светски ден на поезијата!

Ве очекуваме,

Младински Центар Охрид

Потпишан меморандум за соработка со СУП Клуб Охрид

На 1 март Младински Центар Охрид потпиша меморандум за соработка со СУП Клуб Охрид.

 

Целта на меморандумот е да овозможи успешно спроведување на активности во интерес на младите, преку взаемна соработка и имплементација на програмски активности и настани од двете страни.

Со овој меморандум ќе се овозможи:

  • Ширење и унапредување на едукација за подигнување на еколошката свест, културно издигнување и спортско образование на што поголем број млади од Охрид;
  • Подигнивање на свеста кај јавноста за вредностите и значењето на културата, спорт, екологија, комуникација особено за младите;
  • Поттикнување на спортскиот и културен дух кај младите
  • Запознавање, препознавање и справување со предизвиците кои ги носат спортот, екологијата и културата;

 

МЦО понуди простор за едукација, работа, дружба и креативност, како и тим за поддршка при реализација на конкретни активности, настани и идеи.

МЦО мурал: Ретко е да си редок

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Во насока на поддршка на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“, Младински Центар Охрид со дел од волонтерите го обои Центарот во боите на ретките болести со мотото „Ретко е да си редок“.

Во месецот со најмалку денови во годината ја подигнуваме јавната свест со крената обоена дланка и ги доближуваме потребите и предизвиците со кои се соочуваат лицата со ретки болести и нивните семејствата.

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”10565,10546,10564,10547,10563,10549,10545,10550,10551,10548,10552,10553,10554,10556,10557,10555,10558,10559,10560,10561,10562″ nav=”thumbs” fullscreen=”1″ autoplay=”1″ autoplay_period=”7s”][/vc_column][/vc_row]

МЦО ОДРЖА НАСТАН ПОВОД МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК – 21ви ФЕВРУАРИ

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Повод 21ви февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик, Младински Центар Охрид распиша литературен конкурс на тема „Векувањето на македонскиот јазик“.
Доделени беа сертификати на наградените творби и добитниците ги претставија своите литературни творби пред присутните.

Освоено I место ПРОЗА – Александар Бојчовски
Освоено II место ПРОЗА – Сара Петкоска

Освоено I место ПОЕЗИЈА – Ангела Србиноска
Освоено II место ПОЕЗИЈА – Марија Наумоска

Доделени беа благодарници и на другите учесници на конкурсот. Честитки до наградените и сите учесници како дополнителна мотивација да продолжат уште повеќе да творат во иднина!

Свое обраќање на настанот имаше и претседателот на комисијата, поетот, проф. Славе Ѓорѓо Димоски, кој направи една историска ретроспектива на развојот на македонскиот јазик.

Голема благодарност до ПНВ Публикации и Охриѓани коишто учествуваа во наградниот пакет за добитниците!

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”10418,10409,10410,10411,10412,10413,10414,10415,10416,10417,10419,10420,10421,10408″ nav=”thumbs” fullscreen=”1″][/vc_column][/vc_row]

ПРОМОЦИЈА НА ЗБИРКАТА РАСКАЗИ „ДРУГАРУВАМЕ СО ЛИЛИ И ВИЛИ“ ОД МЛАДАТА ПИСАТЕЛКА МАТЕА СТОЕВ

На 21.02.2023 (вторник) од 13:00ч во просториите на Младински Центар Охрид (Поранешна Касарна), во склоп на програмата повод 21ви февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик, младата писателка Матеа Стоев ќе го промовира своето второ литературно дело, збирката раскази „Другаруваме со Лили и Вили“, а од 13:30ч Матеа Стоев ќе одржи креативна работилница со децата од ООУ „Кочо Рацин“.

 

Утре, вторник, младата писателка од Охрид, Матеа Стоев, ќе одржи промоција на своето второ литературно дело, збирката раскази ,,Другаруваме со Лили и Вили”, книга која преку доживувањата на двата главни лика има за цел да пренесе порака која кај младата читателска публика ќе ги поттикне и развие љубовта, почитта, другарството, емпатијата, здравите навики итн.

Матеа Стоев зад себе го има и делото, збирка песни ,,Мојата шарена стихувалка”, а добитник е и на бројни награди од областа на литературата, музиката и науката.

Книгата ,,Другаруваме со Лили и Вили ” може да се најде во продажба во книжарниците ,,Снежана” во Охрид како и низ книжарниците во државава.

Потпишан меморандум за соработка со РЦСОО „Ванчо Питошески“

На 9 февруари Младински Центар Охрид потпиша меморандум за соработка со РЦСОО „Ванчо Питошески“– Охрид.

Целта на меморандумот е да овозможи успешно спроведување на активности во интерес на младите, преку взаемна соработка.

МЦО понуди простор за едукација, работа, дружба и креативност, како и тим за поддршка при реализација на конкретни активности, настани и идеи.

Директорот на училиштето Г-дин Марјан Радески се запозна со програмите на Центарот кои се есенцијални за сите млади, и тоа: младинското учество, младинско информирање, неформално образование, култура, вработување и претприемништво, на кои МЦО става акцент.

На средбата се дискутираше и за значењето на угостителството во Охрид, како една од главните стопански гранки. МЦО ќе помогне при подготвување информативен материјал за промоција и поддршка на туристичките вредности, поттикнување на сите туристички здруженија за соработка и промоција на туризмот.

Со овој меморандум само се официјализираше веќе воспоставената успeшна соработка.