Во наредниот период Младински Центар Охрид на својата веб страна ќе спроведува онлајн кампања преку која ќе споделува корисни информации и интересни факти за културните споменици во Охрид, локалитети, музеи итн. наречена: „Истражете го Охрид: дигитална одисеја низ културните знаменитости и музеи“.
Сите информации се преземени од архивата и веб страната на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид.
Кампањата ја започнуваме на 22.01.2024 со информации за Куќата на Робевци.
Младински Центар Охрид организира Конференција за младинско претприемништво: „Иновации, млади и успешни бизнис приказни.“
На 29 номеври (среда) со почеток во 10 часот ќе се одржи Конференција насловена „Иновации, млади и успешни бизнис приказни.“ посветена на младинската вработеност, претприемништвото, иновации и образованието за претприемништво.
Конференцијата претставува одлична можност за вмрежуваме на младите и размена на идеи преку дискусија и информално учење.
Конференција се состои од 3 дела, и тоа:
Панел дискусија, на која говорници ќе бидат:
Г-дин Бојан Кордалов, Комуниколог (модератор на панелот)
Г-дин Aлмир Рахимоски, Менаџер на операции The Perfect RIA
Г-a Емилија Колоска, Директор на маркетинг, Vinbee Natural Honey
Младински круг:„Претприемништво и вработување на млади“
Г-дин Иво Ристески, Младински работник во МЦО
Г-а Ангела Митеска, Младински работник во МЦО
Дискутирање за предизвиците и можностите за вработување на младите, промовирање на претприемништвото и истражување на стратегии за поттикнување на претприемачкиот начин на размислување кај младите.
Повод 15ти октомври, светскиот ден на занаетчиство, Младински Центар Охрид организира Саем на рачни изработки со цел промоција и поддршка на малите бизниси и талентирани креативци.
Ве покануваме да го посетите саемот за рачни изработки, на плоштадот Христо Узунов од 12ч до 15ч, каде ќе можете да ги видете креациите на нашите локални мали бизниси за рачни изработки и секако да ги поддржете во нивната работа.
Младински Центар Охрид повод 12ти aвгуст – Светски ден на млади, организира Недела на млади преку серија на активности и настани од 7ми до 11ти август 2023та.
Работилници, забавни игри, проекции, DJ сет, музички бенд, изложба, летна школа итн.
Ќе ни биде особена чест доколку ги посетите настаните, присуствувате, активно се вклучите во нив со што ќе дадеме посебен акцент на младите во нашиот град.
Бидете дел од нашето прво прославување на овој ден во првата година од Младински Центар Охрид.
Почитувани, Младински Центар Охрид, на ден 24.05.2023 (среда) ќе организира настан, односно Саем на невладини организации од граѓански сектор кои ќе ги промовираат своите програми пред младите и граѓаните со цел промовирање волонтерски можности за летниот период.
Ги повикуваме сите млади кои имаат желба да бидат активни на одредени настани кои самите ќе си ги одберат, да бидат активни на подолг период или пократок самите одлучуваат, да дојдат на саемот и да си одберат како ќе го поминат своето слободно време и ќе се надоградуваат како личности.Настанот ќе се одржи на плоштадот Христо Узунов (кај Александрија), од 12ч до 14ч.
На саемот ќе учествуваат: Младински Центар Охрид, Културолошка Иницијатива 5 до 12, Архрид, Енхелеус Лихнид, Охрид трчаТ, Охрид Ултра Треил, СупКлуб, Касарна Хаб, Црвен Крст Охрид.Ги повикуваме сите заинтересирани организации кои се од невладин сектор, а сакаат да учествуваат со свој штанд на саемот, да се пријават на тел.бр.: 078/413-946.
На 12 мај 2023 година (петок), од 12:00 до 14:00 часот, Младински Центар Охрид огранизира Саем за образование и кариера.
На истиот ќе присуствуваат претставници од средните училишта од Општина Охрид и две средни училишта од Општина Струга со промотивни материјали, каде ќе ги презентираат нивните програми и можности за учење пред полуматурантите.
Исто така на саемот ќе земат учество и Факултетот за туризам и угостителство, Универзитетот за информатички технологии и наука „Апостол Павле“ и дел од факултетите членки на УКИМ. Истите ќе ги презентираат своите програми пред матурантите од Општина Охрид.
Дополнително на истиот е предвидено да има кариерно советенување од страна на лиценцирани кариерни советници и музички дел во текот на целиот настан.
Целта на саемот е да се запознаат полуматураните и матураните од Општина Охрид за можностите за нивниот понатамошен развој и кериерен напредок.
Ве покануваме на новата театарска претстава во продукција на Независна Аматерска Театарска Група „Аматер“:
„ЧЕРНОДРИНСКИ СЕ ВРАЌА ДОМА“ по текст на Горан Стефановски, повод 10 години од постоењето на нашата театарска група.
Премиерата ќе биде на 26.04.2023 (среда), од 20:00ч, на малата сцена при НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид.
Цена на билет: 200 денари.
Билетите се ограничени и можете да ги резервирате на тел.
број: 078/413-946, или на билетарата на НУЦК Григор Прличев пред почетокот на преставата доколку не се продадени.
РЕЖИЈА:
Јован Цветкоски
ИГРААТ:
Томе Укоски
Леа Новеска-Цекиќ
Димитар Назифоски
Јован Цветкоски
Илија Трале Левески
Глигор Велјаноски
Ема Алекс
СВЕТЛО МАЈСТОР:
Борис Велјаноски
МУЗИКА:
Јане Тодороски
Христијан Томевски
Никола Јосифоски
Арбен Бајрам
СЦЕНОГРАФИЈА: НАТГ „Аматер“
КОСТИМОГРАФИЈА: НАТГ „Аматер“
Претстава на НАТГ „Аматер“ – повод 10 години од нивното постоење, односно 10 години од нивната прва претстава „Сите мои синови“ од Артур Милер, на 26.04.2013.
НАТГ „Аматер“ зад себе има неколку претстави: „Сите мои синови“ од Артур Милер, „Генетика на кучињата“ од Венко Андоновски, „Охридската робинка Ташула“ по текст на Миле Волканоски, „Буре Барут“ од Дејан Дуковски, „Ти во седум бои“ – мултимедијален проект по адаптирано сценарио на Јован Цветкоски, адаптација на „Белградска Трилогија“ од Билјана Србљановиќ – „Се’ до полноќ“.
Исто така, ги покануваме сите медиуми во 11:00ч., нареден понеделник на 24.04.2023 во Младински Центар Охрид дел од екипата на НАТГ „Аматер“ ќе одржат прес за претставата и јубилејот на Независната аматерска театарска група „Аматер“.
[vc_row][vc_column][vc_column_text]Младински Центар Охрид, на ден 07.04.2023 година (петок) организира хуманитарен настан „Од срце за Бојан Крстески“ кој ќе се одржи на полигонот од поранешната Касарна Охрид.
Настанот е исто така поддржан од: Касарна Хаб, Malche Sound Production, Shilla, Пекара Илинче, Сендвичара Палма, Фризерски салон Младен.
Активности ќе има преку целиот ден, урбана уметност, пинг понг турнир, серва, шах, јамб, уно итн., а од 15 до 19ч ќе се пушта музика на звучници, DJ set на DJ Martino.
Да помогнеме, да бидеме хумани!
Со почит,
Младински Центар Охрид[/vc_column_text][us_image image=”10987″][/vc_column][/vc_row]
Секоја година, на 27ми март, луѓето ширум светот го слават „Светскиот ден на театарот“, посебен ден кој им оддава почит и признание на уметниците на глобално ниво. Овој ден служи како потсетник за важноста на театарот и како тој може да го едуцира општеството за грижи и проблеми во различни области. Театрите се еден од најистакнатите начини за прикажување на уметноста, културата и традицијата низ целиот свет. Преку театарските продукции може да се подигне свеста за постојаните социјални проблеми и неправди.
Меѓународниот театарски институт (МТИ) го востанови Светскиот ден на театарот во 1961 година и оттогаш се слави на 27ми март. Овој ден е обележан со различни национални и меѓународни театарски настани, а го одбележуваат и МТИ центри и разни организации поврзани со театарот, вклучувајќи театри, театарски професионалци и универзитети. Првата порака за Светскиот ден на театарот ја напиша Жан Кокто во 1962 година, а секоја година меѓународна порака се споделува со сите луѓе.
Темата за оваа година е фокусирана на „Театарот и културата на мирот“. Тоа е потсетување дека театарот е свет простор за актерите и преку него тие можат да го споделат своето чувство за хуманост со другите. Театарот има моќ да нѐ направи подобри луѓе и ни обезбедува платформа за подигнување на свеста за социјалните прашања.