Волонтерски КлубМЦО ПРАЈТ
574

МЦО на официјално отворање на Beach Film Festival

На 19 јули официјално започна шестото издание на Beach Film Festival.

Фестивалот се отвори со краткометражниот филм „Сценарио“ на Александра Кардалевска и долгометражниот филм „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова.

Дел од членовите на Волонтерскиот Клуб од МЦО ја искористија оваа можност и во склоп на самиот настан се организираше инфо ден каде повторно младите охриѓани имаа можност да се запознаат со центарот, неговата улога.  отворените повици за летната школа за гитара и повикот за учество во младинско летно електронско списание.

Исто така младите имаа можност да одговорат на 2 прашања „Што им треба на младите од Охрид ?“ и „Младински Центар Охрид треба да….“ каде целта беше да се соберат ставовите на младите и преку МЦО да се истакне важноста за позицијата на младите во средината каде што живеат.

Инаку Beach Film Festival трае од 19-ти до 23-ти јули 2023 година. Овогодинешното издание нуди богата програма со филмски проекции, мастер класови и музички перформанси на четири локации во Охрид, и тоа: Младински Центар Охрид, плажа Славија, плажа Сараиште и брод Армада.

Публиката ќе има можност да погледне 8 долгометражни играни филмови, 16 краткометражни, 9 студентски, 5 француски и 4 специјални проекции.

Младински Центар Охрид е место од нас, за нас и со искористување на неговиот потенцијал влијаеме директно врз личниот раст и развој, како и врз средината каде делуваме.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави