Author: MC Ohrid

Рекреативен пинг-понг турнир во МЦО

На 30 јуни, во организација на Младински Центар Охрид се одржа рекреативен пинг-понг турнир. Се играше до 3 добиени сета и освоени 21 поен.

Турнирот се играше во 2 категории: индивидуалец и парови. Во категорија индивидуалец I место освои Андреј Маркоски додека пак, во категорија парови I место освоија Петар Стефаноски и Андреј Маркоски. 

Учеството на турнирот беше БЕСПЛАТНО, а победниците освоија пинг-понг палка.

Се гледаме повторно !

 

Млади од Косово во посета на МЦО

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

На 23 јуни во посета на Младински Центар Охрид беа млади од Косово, претставници на НВО, претставници на политички подмладоци како и млади вработени во јавните институции кои работат во секторите за млади и спорт.

Целта на оваа посета беше споделување на добри практики, начинот на функционирање на Центарот и размена на ставови на повеќе теми: млади, младински форуми, институционална поддршка,  инклузија на младите и можност за соработка.

На покана на МЦО на дискусијата присуствуваа и новите претставници на Локалниот совет на млади при Општина Охрид со цел вмрежување со младите од Косово.

Исто така на дискусијата присуствуваше и претставник од Одделението за Млади и невладини од Општина Охрид

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”12087,12075,12076,12074,12081,12073,12077,12078,12084,12079,12082,12080,12085,12083,12086″ nav=”thumbs” fullscreen=”1″][/vc_column][/vc_row]

По повод успешно завршување на учебната година ООУ „Кочо Рацин“ со концерт во МЦО

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Прекрасна вечер, одличен настан, позитивна енергија. Најдобри ученици, среќни наставници, радосни родители. По повод успешно завршување на учебната година, учениците од ООУ „Кочо Рацин“ – Охрид синоќа со завршен концерт се претставија пред публиката во Младински Центар Охрид.

Младите вљубеници во музиката под менторство на наставникот по музичко образование Игор Стефановски изведоа преработки на повеќе нумери од познати домашни и светски поединци и бендови. Публиката уживаше во богатиот двочасовен репертоар.

На настанот директорката на училиштето Г-ѓа Славица Котеска доделени и благодарници за успешна соработка и афирмација на училиштето.

Со овој настан исто така официјално заврши и циклусот на неделните мотивирачки трибини „И јас сум од Кочо Рацин“ каде целта беше да се мотивираат учениците во изборот на својата идна кариера.

 Драги ученици, имајте убав летен распуст ! 

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”11830,11832,11831,11833,11835,11836,11834,11860,11837,11839,11838,11843,11845,11840,11841,11842,11844,11850,11846,11847,11848,11849,11851,11852,11853,11854,11855,11856,11867,11857,11859,11861,11863,11864,11858,11865,11866,11862″ fullscreen=”1″ autoplay=”1″ autoplay_period=”5s” nav=”thumbs”][/vc_column][/vc_row]

Саем за промоција на волонтерски можности во граѓански организации од Охрид

Почитувани, Младински Центар Охрид, на ден 24.05.2023 (среда) ќе организира настан, односно Саем на невладини организации од граѓански сектор кои ќе ги промовираат своите програми пред младите и граѓаните со цел промовирање волонтерски можности за летниот период.
Ги повикуваме сите млади кои имаат желба да бидат активни на одредени настани кои самите ќе си ги одберат, да бидат активни на подолг период или пократок самите одлучуваат, да дојдат на саемот и да си одберат како ќе го поминат своето слободно време и ќе се надоградуваат како личности.Настанот ќе се одржи на плоштадот Христо Узунов (кај Александрија), од 12ч до 14ч.

На саемот ќе учествуваат: Младински Центар Охрид, Културолошка Иницијатива 5 до 12, Архрид, Енхелеус Лихнид, Охрид трчаТ, Охрид Ултра Треил, СупКлуб, Касарна Хаб, Црвен Крст Охрид.Ги повикуваме сите заинтересирани организации кои се од невладин сектор, а сакаат да учествуваат со свој штанд на саемот, да се пријават на тел.бр.: 078/413-946.

Со почит,
Младински Центар Охрид

Саем за образование и кариера во МЦО

[vc_row columns=”1″][vc_column][vc_column_text]

На 12 мај 2023 година, од 12:00 до 14:00 часот, во Младински Центар Охрид се одржа  Саем за образование и кариера.

На почетокот пред присутните се обрати  Раководителот на МЦО, Јован Цветкоски кој им посака добредојде и им се заблагодари на учесниците на саемот и ја истакна значајноста на организирањето настани од ваков тип кој овозможуваат промоција на програмите на образовните институции и ги доближуваат до младите.

Потоа го покана заменик-гардоначалникот на Општина Охрид м-р Перчо Божиновски, официјално да го отвори саемот.

Драги ученици и  идни студенти,

Ми причинува особено задоволство што  сум меѓу Вас на отворањето  на Саемот  за образование и кариера   што во организација на Младинскиот Центар денес се одржува  во Охрид.

Денешново случување е посветено токму за вас, продолжете го својот пат во онаа образовна институција која вас најмногу ви одговара. Онаа во која ќе знаете дека ќе го дадете својот максимум за лично добро но и напредок на општеството.

На Младинскиот центар од Охрид  му благодарам за одличната организација на настанот со желба  истиот да добие традиционален карактер, а ние како Локална власт секогаш ќе  поддржуваме вакви случувања

Истакна Божиновски.

 

На саемот присуствуваа претставници од четирите средни училишта од Општина Охрид и едно средно училиште од Општина Струга со  промотивни материјали, каде ги презентираа нивните програми и можности за учење пред полуматурантите.

Покрај можностите за полуматурантите на саемот учество зедоа и дел од универзитетите и факултетите, каде имаа можност да ги претстават своите програми за студирање пред матурантите. На овој саем учествуваа: Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, АУЕ – ФОН, Факултетот за информатички технологии и науки „Св. Апостол Павле“ – Охрид и Градежен факултет при УКИМ.

Присутните имаа можност да се консултираат за нивните кариерни можности и надоградба од страна на лиценцирани кариерни советнци. Голема благодарност до Асоцијацијата на советници за развој на кариера АСК и Агенција за вработување на РСМ.

Се надеваме дека овој саем ќе прерасне во традиција која ќе се одржува секоја година, а со цел младите од Општина Охрид да бидат запознаени со можностите за нивниот понатамошен развој и кериерен напредок.

Во продолжение слики од денешната атмосфера.

МЦО секогаш во интерес на младите !

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”11393,11369,11376,11367,11380,11368,11370,11371,11372,11373,11374,11375,11377,11378,11379,11381,11382,11383,11384,11385,11386,11387,11388,11389,11390,11391,11392,11394,11395,11396,11397,11398,11399,11400,11401,11402,11403,11404,11405,11406,11407,11408,11409,11410,11411,11412,11413,11414,11415,11416,11417,11418,11438,11419,11420,11421,11422,11423,11424,11425,11426,11427,11428,11429,11430,11431,11432,11433,11434,11435,11437,11439,11440,11441,11442,11443,11444,11445,11446,11447,11436,11448,11449,11450,11451,11452,11453,11454,11455,11456″ nav=”thumbs” fullscreen=”1″][/vc_column][/vc_row]

Саем за образование и кариера

На 12 мај 2023 година (петок), од 12:00 до 14:00 часот, Младински Центар Охрид огранизира Саем за образование и кариера.

На истиот ќе присуствуваат претставници од средните училишта од Општина Охрид и две средни училишта од Општина Струга со  промотивни материјали, каде ќе ги презентираат нивните програми и можности за учење пред полуматурантите.

Исто така на саемот ќе земат учество и Факултетот за туризам и угостителство, Универзитетот за информатички технологии и наука „Апостол Павле“ и дел од факултетите членки на УКИМ. Истите ќе ги презентираат своите програми пред матурантите од Општина Охрид.

Дополнително на истиот е предвидено да има кариерно советенување од страна на лиценцирани кариерни советници и музички дел во текот на целиот настан.

Целта на саемот е да се запознаат полуматураните и матураните од Општина Охрид за можностите за нивниот понатамошен развој и кериерен напредок.

Квиз во Младински Центар Охрид

[vc_row columns=”1″][vc_column][vc_column_text]

На 28 април 2023 година, од 13:00 до 15:00 часот во Младински Центар Охрид се одржа натпревар во знаење (квиз) наменет за ученици од средните училишта во Општина Охрид.

Во квизот право на учество имаа екипи составени од 4 натпреварувачи од охридските средни школи. Се натпреваруваа вкупно 14 екипи, односно 56 учесници од три средни училишта и тоа: ОСУ „Св. Климент Охридски“, СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.

Квизот се реализираше во соработка со Македонската Квиз Асоцијација, и истоиот беше осмислен според следниот концепт:

Основниот концепт на квизот беше имаше ТРИ ГЛАВНИ ИГРИ, а вкупно во регуларниот дел од квизот имаше 40 прашања на повеќе различни теми (книжевност, историја, географија, биологија, хемија, физика, математика, ликовни уметности, дизајн, музика, забава, технологија, тв/радио, филм, култура).

Прашањата се читаа на глас, а беа напишани и на слајд на платно со помош на проектор.

По завршувањето на игрите и пресметувањето на поените се утврди дека 2 екипи имаат ист резултат т.е нерешено и треба да се „борат“ за 1 место. За таа цел само двете екипи играа „пенали“ каде одговараа истовремено на прашања. Прво се поставија 5 прашања, но и после тоа резултатот беше изедначен, па се продолжи со игра прашање по прашање на испаѓање. Првото прашање на кое една екипата ќе понуди точен, а другата неточен одговор, го дава победникот, но на крајот резултатот се’ уште беше изедначен и се одлучи да има ДВОЕН ПОБЕНИК.

Двата тима кои го освоија првото место беа од ОСУ „Св. Климент Охридски“.

Благодарност до претставниците на Македонската Квиз Асоцијација: Александар Боцески, Славчо Николовски и Стефан Јаковчески.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row columns=”1″][vc_column][vc_column_text]

ПОВЕЌЕ ЗА КВИЗОТ: 

За првата игра дел од одговорите беа давани со кревање ливчиња со букви „А“, „Б“, „В“ и „Г“.  Играта беше осмислена како 10+10 прашања, по принцип „едно изборно – едно суво“. Максимален број освоени поени изнесуваше 20.

Прво се поставуваше прашање на одредена тема, со 4 понудени одговори, од кои само еден е точен. Екипите имаа време за консултација, после што од нив се бараше да понудат одговор со кревање ливче со буква „А“, „Б“, „В“ или „Г“. Точен одговор носи еден поен. Неточен одговор не носи никакви последици, што значи дека е можно „гаѓање“. Екипите после добиваат можност да изберат дали да им биде поставено „подлабоко“ прашање на истата тема, но, овај пат, без понудени одговори. Одговорите за додатните прашања се даваа на лист кои екипите ќе ги подигнуваа на даден знак.

За точен одговор се добиваше уште еден поен, а за неточен се губи претходно освоен поен. Ако екипата нема претходно освоени поени, ќе влезе во минусно салдо. После секое прашање  имаше и мал простор за дискусија со забавни факти во врска со темата.

Втората игра беше – Игра на слики. 10 прашања со потенцијални 10 поени.

На проектор се прикажуваа, една по една, 10 слики од познати личности, предмети, уметнички дела, знамиња или карти од држави. После секое прашање, односно, после секој слајд со слика, учесниците имаа време за консултација, после кое од нив беше побарано да ги кренат листовите со напишан одговор. Точен одговор носи еден поен. Неточен одговор не носи последици. Исто и во оваа игра, после прашањата имеше можност за кратка дискусија со интересни факти.

За третата игра, игра на „суви“ прашања, без понудени одговори. 10 прашања со потенцијални 10 поени.

Одговорите се запишуваа на листови после времето за консултација меѓу екипите. Точен одговор носи 1 поен, неточен одговор не носи никакви последици.

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”11208,11209,11244,11203,11243,11201,11202,11218,11204,11205,11221,11207,11206,11210,11211,11212,11216,11213,11214,11215,11217,11219,11220,11222,11223,11235,11224,11225,11226,11227,11228,11229,11230,11231,11232,11233,11234,11246,11238,11236,11237,11245,11239,11240,11241,11242″ nav=”thumbs” fullscreen=”1″][/vc_column][/vc_row]

„ЧЕРНОДРИНСКИ СЕ ВРАЌА ДОМА“ (10 години НАТГ „Аматер”)

 Ве покануваме на новата театарска претстава во продукција на Независна Аматерска Театарска Група „Аматер“:
„ЧЕРНОДРИНСКИ СЕ ВРАЌА ДОМА“ по текст на Горан Стефановски, повод 10 години од постоењето на нашата театарска група.
Премиерата ќе биде на 26.04.2023 (среда), од 20:00ч, на малата сцена при НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид.
Цена на билет: 200 денари.
Билетите се ограничени и можете да ги резервирате на тел.
број: 078/413-946, или на билетарата на НУЦК Григор Прличев пред почетокот на преставата доколку не се продадени.
РЕЖИЈА:
Јован Цветкоски
ИГРААТ:
Томе Укоски
Леа Новеска-Цекиќ
Димитар Назифоски
Јован Цветкоски
Илија Трале Левески
Глигор Велјаноски
Ема Алекс
СВЕТЛО МАЈСТОР:
Борис Велјаноски
МУЗИКА:
Јане Тодороски
Христијан Томевски
Никола Јосифоски
Арбен Бајрам
СЦЕНОГРАФИЈА: НАТГ „Аматер“
КОСТИМОГРАФИЈА: НАТГ „Аматер“
Претстава на НАТГ „Аматер“ – повод 10 години од нивното постоење, односно 10 години од нивната прва претстава „Сите мои синови“ од Артур Милер, на 26.04.2013.

НАТГ „Аматер“ зад себе има неколку претстави: „Сите мои синови“ од Артур Милер, „Генетика на кучињата“ од Венко Андоновски, „Охридската робинка Ташула“ по текст на Миле Волканоски, „Буре Барут“ од Дејан Дуковски, „Ти во седум бои“ – мултимедијален проект по адаптирано сценарио на Јован Цветкоски, адаптација на „Белградска Трилогија“ од Билјана Србљановиќ – „Се’ до полноќ“.

Исто така, ги покануваме сите медиуми во 11:00ч., нареден понеделник на 24.04.2023 во Младински Центар Охрид дел од екипата на НАТГ „Аматер“ ќе одржат прес за претставата и јубилејот на Независната аматерска театарска група „Аматер“.

Документарен филм за најмладите членови на КУД ,,Пирамида” во МЦО

[vc_row][vc_column][vc_column_text]На 8 април најмладите членови на КУД ,,Пирамида” Охрид беа во посета на Младински Центар Охрид.

Целта на посетата беше од едукативен караткер. Го гледаа документарниот филм ,,Ренесанса на Балканските Египќани”.

По прикажувањето на филмот се отвори дискусија за значењето на културата, традицијата и уметноста на Египќаните, а особено за нивниот придонес во Охрид.

Документарниот филм можете да го гледате тука.


МЦО секогаш со поддршка за остварување на целосна инклузија на сите ![/vc_column_text][us_image_slider ids=”11019,11020,11021,11022,11024,11023,11025″ autoplay=”1″ fullscreen=”1″ autoplay_period=”5s” nav=”thumbs”][/vc_column][/vc_row]

Вечер на трикови со Филип Огњан – Fantomsky

На 6 април (четврток) во 20:00 часот во Младински Центар Охрид, повелете на магична вечер.
По барање на младите во Младински Центар Охрид го враќаме од пензија Филип Огњан – Fantomsky.
Ве очекува дружење, смеа, трикови и незаборавна забава.
Се гледаме на магична вечер!