ОХРИД СЕГА
422

Млади од Косово во посета на МЦО

На 23 јуни во посета на Младински Центар Охрид беа млади од Косово, претставници на НВО, претставници на политички подмладоци како и млади вработени во јавните институции кои работат во секторите за млади и спорт.

Целта на оваа посета беше споделување на добри практики, начинот на функционирање на Центарот и размена на ставови на повеќе теми: млади, младински форуми, институционална поддршка,  инклузија на младите и можност за соработка.

На покана на МЦО на дискусијата присуствуваа и новите претставници на Локалниот совет на млади при Општина Охрид со цел вмрежување со младите од Косово.

Исто така на дискусијата присуствуваше и претставник од Одделението за Млади и невладини од Општина Охрид

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави