Author: MC Ohrid

Ре-Кре-Арт – Креативни работилници за рачна изработка на накит во МЦО

[vc_row][vc_column][vc_column_text]На 26.06.2024 и 27.06.2024 во просториите на Младински Центар Охрид со најмладите изработуваме накит од монисти и реупотребливи материјали во соработка со Beach Film Festival.

Преку реупотреба на материјали се стави акцент и на круцијалноста од рециклирање и одржлив раст и развој.[/vc_column_text][us_image_slider ids=”14227,14228,14229,14230,14231,14232,14233,14234,14235,14236″][/vc_column][/vc_row]

Денес во Охрид започнува Охридскиот Фестивал на Виното – Ohrid Wine Fest 2024

Денес во Охрид започнува Охридскиот Фестивал на Виното – Ohrid Wine Fest 2024. Oд 27-ми до 29-ти јуни, истиот ќе се одржува на кеј „Македонија“  пред хотел „Палас“.

Градоначалникот Кирил Пецаков на денешната средба со новинарите истакна дека фестивалот  полека но сигурно зазема место  и ја разубавува  туристичката разгледница  на Охрид.

– Овој фестивал како и Оhrid water festival, се одраз на нашите големи желби за поголема туристичка промоција на Охрид и  Охридското Езеро. Очекувам трите фестивалски ноќи да донесат гости и туристи од земјава и странство, а годинешното издание да биде успешно бидејќи музичките ѕвезеди  кои ќе настапат, тоа и го ветуваат. Во трите фестивалски ноќи ќе настапуваат  и стенд ап комичарите Никола Тодороски и Стрезо Стаматоски- подвлече градоначалникот Пецаков.

Пане Темов од организацискиот одбор на фестивалот се осврна на програмскиот дел.

– Во четврток ќе настапат „Backdoor band“, Миле Кузманоски и групата „Куку леле“. Во петок „Urban Planet“, „NEXT TIME“, „BRASS BROTHERS“  . Саботната вечер е резервирана за „Балканико“,  групата „АРЕА“ и Влатко Лозановски – рече Темов.

Фестивалот се одржува со поддршка на Општина Охрид, а во организација  на  CRAFT продукција.

 

Преземено од Ohrid.gov.mk.

 

 

На 1ви јули започнува Креативната Летна Школа на МЦО

1ви јули е датумот на кој започнува Креативната Летна Школа.
Првата Работилница ќе биде на тема ,,Рециклирање – преработување на стара облека во креативни торби за пазарење” – со што ќе ги реупотребиме старите парчиња облека и ќе влијаеме врз подигање на свеста од заштита на животната средина и ретките и ограничени ресурси.
7 интересни факти за рециклирањето:
1. Рециклирањето на една конзерва штеди доволно енергија за три часовна работа на еден телевизор или да заштеди два литри бензин.
2. Рециклирањето на еден тон хартија заштедува околу два ипол тони масло, 26 тони вода и околу 3 кубни метри депонија.
3. Енергијата заштедена од рециклирањето на едно стаклено шише може да држи активна една сијалица од 100 вати за околу 4 часа. Исто така предизвикува 20% помало загадување на воздухот и 50% помало загадување на водата, отколку кога се прави нова боца од сирови материјали.
4. За производство на тоалетна хартија дневно се сечат 27 000 стебла.
5. Рециклирањето на едно пластично шише може да сочува доволно енергија да осветли сијалица од 60 вати за 6 часа.
6. На едно стаклено шише му се потребни околу 4000 години за да се распадне, па дури и повеќе доколку се наоѓа на депонија.
7. Дневно умираат илјадници морски животни голтајќи пластични кеси кои им личат на медузи.
Па ајде да бидеме еко – одговорни, бидејки и го должиме тоа на природата!

СТУДИЈА „ИНТЕРКУЛТУРНО И ДИГИТАЛНО ИСКУСТВО: КЛУЧНИ ФАКТОРИ ЗА МЛАДИНСКО АНГАЖИРАЊЕ“ на Коалиција СЕГА

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Со задоволство ја споделуваме со вас студијата за интеркултуралност, резултат на долга посветена соработка, насловена: „Интеркултурно и дигитално искуство: клучни фактори за младинско ангажирање?“ – Изготвена од страна на Коалиција на младински организации СЕГА.

Прочитајте ја студијата на следниот линк: https://www.eclosio.ong/wp-content/uploads/2024/06/Etude-Connexion-s_EN.pdf

Оваа студија се фокусира на истражување за интеркултуралноста од различни перспективи како доживувања и обликувања од различни актери: без разлика дали се научници, политичари, граѓанско општество или, поконкретно, млади луѓе и младински работници.

Како цел на оваа студија е да го анализираме степенот до кој интеркултуралноста, особено кога е олеснета со дигиталната технологија, може да поттикне подлабок општествен ангажман кај младите. Контекстот на повеќе земји на оваа публикација, исто така, ни овозможи да ги сфатиме поимите за интеркултуралност во различните национални контексти.

Оваа студија е спроведена од Олфа Чедли од Eclosio (Белгија), во соработка со Engagé-e-s & Déterminé-e-s (Франција), Тунискиот форум за зајакнување на младите (Тунис) и Коалиција на младински организации СЕГА (Северна Македонија), како дел од проектот Connextion, финансиран од програмата Еразмус+ на Европската Комисија.

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”14204,14205,14206,14207,14208″][/vc_column][/vc_row]

Музичка приредба на младите во Младински Центар Охрид

Ве покануваме на нашата голема забава на 25ти јуни (вторник) во просториите на Младински Центар Охрид со почеток во 19:00ч.

Учениците од ООУ „Кочо Рацин“ и бендот на Младински Центар Охрид под менторство на професорот Игор Стефановски спремија богат репертоар со добро познати песни од големи домашни и странски артисти.

Да ги поддржиме младите музички надежи од Охрид и да се забавуваме!

Настан кој не се пропушта, не дозволувајте да ви раскажуваат!

Бесплатен филмски курс „Филмски колаж“ од 3ти до 7ми јули во Младински Центар Охрид

Во просториите на Младинскиот Центар Охрид, со почеток од 3ти јули ќе се оддржи филмски курс „Филмски колаж“, кој е дизајниран како алатка за сите средношколци и студенти со интерес кон филмската уметност.
Целта е да им овозможи на младите да се запознаат со различни аспекти на филмската продукција и да ги развијат своите критички и креативни способности.
Преку теоретски и практични предавања од областа на актерската игра, филмската камера, сценографија и костимографија, филмска шминка и маска, видео монтажа, дизајн на звук, филмска музика и режија, учесниците ќе стекнат темелни знаења и практични вештини.
Со овој курс се пружа можност да ја зацврстиме филмска писменост кај младите вљубеници во филмот, да го поттикнеме критичкото размислување и креативност, и да ги запознаеме со реалната професионална пракса пред влезот во филмскиот свет. Овој сеопфатен филмски курс ќе се оддржи во три дела, теоретска настава, теренска настава од 3ти до 7ми јули, во просториите на на Младинскиот Центар Охрид и фаза на постпродукција. Предавањата ќе ги водат стручни лица, а при теренската настава учесниците ќе имаат можност практично да се запознаат со процесот на работа на филмски сет и да работат со филмска техника. „Филмски колаж“ е одлична можност за младите да се впуштат во светот на филмот, да ги развијат своите таленти и да се подготват за идните предизвици во филмската индустрија.
Работилниците опфатени во „Филмски Колаж”, ја организира филмската продукција Шарада во соработка со Beach Film Festival, и е проект поддржан од Министерството за Култура на РСМ. Сите заинтересирани можат да се пријават преку директна порака на профилите на Младинскиот Центар Охрид и Beach Film Festival.

Пријави се за „РЕ-КРЕ-АРТ“ (рекреирање на неупотребливи материјали во уметнички дела)

Во просториите на Младинскиот Центар Охрид ќе се оддржи работилницата „РЕ-КРЕ-АРТ“ (рекреирање на неупотребливи материјали во уметнички дела), е осмислена со цел да ги поттикне креативните и уметничките способности на учесниците преку употреба на неупотребувани и отпадни материјали. Преку оваа работилница, учесниците ќе се запознаат со разни техники како декупаж, мозаик, изработка на накит, оригами, креации од ткаенина и сл..
Целта е да се развијат вештини за создавање уметнички дела и да се поттикне еко-активизмот преку принципот „РеКреАрт – Реупотреби, Редуцирај, Рециклирај“.
Позади оваа работилница стои идејата за еко-активизам, а учесниците ќе се стекнат со знаења за како на кративен начин да дадат свој придонес за намалување на количината на отпад и создавање на одржливо општество. Р
аботилницата е дизајнирана да биде инспирација за млади ученици од основните и средните училишта, освестувајќи ги и насочувајќи ги кон еко-активизмот изразен преку уметност.
Преку теоретска и практична едукација, ќе откриеме како отпадот може да се претвори во уметност, истовремено поттикнувајќи критичко размислување за конзумеристичкото општество и важноста на личната одговорност за одржлив развој. На овие работилници, фрлените предмети и материјали ќе добијат нова намена како уметнички дела, што покрај уметничката, имаат и визуелна компонента. Ќе се едуцираме за принципите на здрава животна средина, минимум отпад и реупотребување на „неупотребливите“ материјали, поттикнувајќи љубопитност и креативност. РЕ-КРЕ-АРТ е организирана од филмската продукција Шарада, во соработка со BEACH FILM FESTIVAL и е поддржана од Министерството за Култура на РСМ.
Сите заинтересирани за учество во оваа работилница треба да ја пополнат пријавата или да ни пишат во директна порака најдоцна до 26.06.2024 (среда).

Пополни ја пријавата тука.

Светски ден за Заштита на Животната Средина – Рециклирање на стара облека во торби за пазарење

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

5 Јуни – Светски ден за Заштита на Животната Средина.
Денес, во Младински Центар Охрид, се реализираше Креативна Работилница за рециклирање/преработување на стара облека во торби за пазарење.
 Ресурсите на земјата се ретки и ограничени и оттука се тежнее кон одржливост, односно одржлив раст и развој, каде економскиот напредок, социјалната вклученост и заштитата на животната средина се избалансирани за да се обезбеди одржлива иднина.
На работилницата активен придонес дадоја учениците на три основни училишта: ООУ. ,,Кочо Рацин”, ООУ. ,,Григор Прличев” и ОУ. ,,Живко Чинго”.
 На креативен начин се изработија торби за пазарење, со што се стави акцент на нужноста од колективна свест во насока на Заштита на Животната Средина.
 There is no planet B.

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”14133,14134,14135,14136,14137,14138,14139,14140,14141,14142,14143,14144,14145,14146,14147,14148″][/vc_column][/vc_row]

„Простор за разговор“ – Проекција на филм и танцов перформанс во МЦО

ПРОСТОР ЗА РАЗГОВОР

Бидејќи родовата еднаквост е важна!
Танцувај во ритмот на промената!
Интерарт културниот центар во соработка со Хера – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, во склоп на турнејата на проектот „Простор за разговор“, во соработка со Младинскиот центар Охрид, ќе оддржи настан во кој ќе се изведе танцов перформанс и ќе се зборува на темата, а ќе се прикаже и филмот „Простор за разговор“.
Танцовиот перформанс и филмот се создадени како сценска рефлексија на истражувањето за односот на општеството кон темата на родова еднаквост, со цел да се сврти вниманието на јавноста кон овој горлив проблем.
Проектот „Простор за разговор“ е поддржан од Германија преку Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) во рамки на регионалниот проект за социјално вклучување на ранливи групи во Западен Балкан.
ПРОСТОР ЗА РАЗГОВОР
Танцов перформанс
Кореографија и режија: Рисима Рисимкин
Музика: Тони Китановски
Костими: Благој Мицевски
Сценски дизајн: Матеа Мијановиќ
Настапуваат: Анастасија Данчевска, Дејан Битровски, Бобан Русески, Стефани Шааршмит, Викторија Коцева
Простор за разговор – филм
Кореографија: Рисима Рисимкин
Режија: Диме Ратајковски и Рисима Рисимкин
Сценарио: Диме Ратајковски и Рисима Рисимкин
Музика: Тони Китановски
Костими: Благој Мицевски
Сценски дизајн: Матеа Мијановиќ
Камера; Цветко Стојановски
Монтажа: Ирена Белул
Настапуваат: Анастасија Данчевска, Дејан Битровски, Адријана Данчевска, Бобан Русески, Викторија Коцева, Стефани Шаршмит, Клара Христова, Јоана Благадуша, Микаела-Анџела Глигорова, Илина Костовска, Моника Шолевска, Ангела Петровска, Стефанија Милевска Враниќ
Продукција Интерарт културен центар
На темата ќе се обратат:
Јован Цветковски – Раководител на Младинскиот Центар Охрид
Ана Зафирова – новинар и активист
Рисима Рисимкин, уметник и професор
Турнејата на проектот се случува во партнерство со локални партнери од шесте градови во Македонија, кои се занимаваат со култура и темата на родово еднаквост и родово базирано насилство. Продуцент е Матеа Мијановиќ.
Продукција Интерарт културен центар 2024.

НАЦИОНАЛНО ДЕБАТНО ПРВЕНСТВО 2024

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Од 17 до 19 мај, во Скопје, Иво Ристески (тренер во Дебатниот Клуб), Сара Петкоска (дебатер), Борче Исакоски (дебатер), Марио Ѓорески (дебатер), Лина Јоноска (дебатер), Георги Меркоски (дебатер), Анастасија Атесленко (дебатер) и Калина Стојаноска (судија) со аргументи и ставови ја бранеа главната теза:

„Овој Дом претпочита целосно генеративен модел на вештачка интелигенција како главен извор на вести наместо новинари.“

Дебатерите, подготвени со знаењa и аргументи за новинарство, вешташка интелигенција и медиумска писменост, во улога на афирмациски или негациски говорници, неуморно и храбро дебатираа на оваа теза.

На националното дебатно првенство учествуваа над 50 тимови и над 150 дебатери. Нашиот дебатен клуб постигна одлични резултати. Во категорија најдобар  „replay speech“ 3то место освои Сара Петкоска. Во категорија најдобар говорник, дебатерите се пласираа во топ 30.

Инаку, во последните 8 месеци со членовите на Дебатниот Клуб  активно работевме на повеќе теми како: борба против лажни вести и препознавање на истите, структуирано пишување и изнесување на аргументи како и правилно побивање на туѓи аргументи, истражување, различни техники за јавно говорење и надминување на трема од јавен настап. Тренери: Александар Бојчовски и Иво Ристески.

Ова беше 154 дебатен турнир, а организатор на истиот е Младински образовен форум – МОФ / Youth Educational Forum -YEF, а поддржани од Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“.

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”14075,14083,14080,14077,14079,14086,14081,14084,14089″ fullscreen=”1″ autoplay=”1″ nav=”dots”][/vc_column][/vc_row]