МЦО ПРАЈТОХРИД СЕГА
213

НАЦИОНАЛНО ДЕБАТНО ПРВЕНСТВО 2024

Од 17 до 19 мај, во Скопје, Иво Ристески (тренер во Дебатниот Клуб), Сара Петкоска (дебатер), Борче Исакоски (дебатер), Марио Ѓорески (дебатер), Лина Јоноска (дебатер), Георги Меркоски (дебатер), Анастасија Атесленко (дебатер) и Калина Стојаноска (судија) со аргументи и ставови ја бранеа главната теза:

„Овој Дом претпочита целосно генеративен модел на вештачка интелигенција како главен извор на вести наместо новинари.“

Дебатерите, подготвени со знаењa и аргументи за новинарство, вешташка интелигенција и медиумска писменост, во улога на афирмациски или негациски говорници, неуморно и храбро дебатираа на оваа теза.

На националното дебатно првенство учествуваа над 50 тимови и над 150 дебатери. Нашиот дебатен клуб постигна одлични резултати. Во категорија најдобар  „replay speech“ 3то место освои Сара Петкоска. Во категорија најдобар говорник, дебатерите се пласираа во топ 30.

Инаку, во последните 8 месеци со членовите на Дебатниот Клуб  активно работевме на повеќе теми како: борба против лажни вести и препознавање на истите, структуирано пишување и изнесување на аргументи како и правилно побивање на туѓи аргументи, истражување, различни техники за јавно говорење и надминување на трема од јавен настап. Тренери: Александар Бојчовски и Иво Ристески.

Ова беше 154 дебатен турнир, а организатор на истиот е Младински образовен форум – МОФ / Youth Educational Forum -YEF, а поддржани од Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави