Инфо за МладиКултура
277

Пријави се за „РЕ-КРЕ-АРТ“ (рекреирање на неупотребливи материјали во уметнички дела)

Во просториите на Младинскиот Центар Охрид ќе се оддржи работилницата „РЕ-КРЕ-АРТ“ (рекреирање на неупотребливи материјали во уметнички дела), е осмислена со цел да ги поттикне креативните и уметничките способности на учесниците преку употреба на неупотребувани и отпадни материјали. Преку оваа работилница, учесниците ќе се запознаат со разни техники како декупаж, мозаик, изработка на накит, оригами, креации од ткаенина и сл..
Целта е да се развијат вештини за создавање уметнички дела и да се поттикне еко-активизмот преку принципот „РеКреАрт – Реупотреби, Редуцирај, Рециклирај“.
Позади оваа работилница стои идејата за еко-активизам, а учесниците ќе се стекнат со знаења за како на кративен начин да дадат свој придонес за намалување на количината на отпад и создавање на одржливо општество. Р
аботилницата е дизајнирана да биде инспирација за млади ученици од основните и средните училишта, освестувајќи ги и насочувајќи ги кон еко-активизмот изразен преку уметност.
Преку теоретска и практична едукација, ќе откриеме како отпадот може да се претвори во уметност, истовремено поттикнувајќи критичко размислување за конзумеристичкото општество и важноста на личната одговорност за одржлив развој. На овие работилници, фрлените предмети и материјали ќе добијат нова намена како уметнички дела, што покрај уметничката, имаат и визуелна компонента. Ќе се едуцираме за принципите на здрава животна средина, минимум отпад и реупотребување на „неупотребливите“ материјали, поттикнувајќи љубопитност и креативност. РЕ-КРЕ-АРТ е организирана од филмската продукција Шарада, во соработка со BEACH FILM FESTIVAL и е поддржана од Министерството за Култура на РСМ.
Сите заинтересирани за учество во оваа работилница треба да ја пополнат пријавата или да ни пишат во директна порака најдоцна до 26.06.2024 (среда).

Пополни ја пријавата тука.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави