Инфо за Млади
2

Сменоводител во магацин

Костал Македонија

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од:
Сменоводител во магацин  (Warehouse Shift Leader)

Работни задачи и одговорности:

Надгледување и координирање на активностите во магацинот во текот на работното време

  • Одржување на дисциплина, безбедносни стандарди и ефикасно работење во тимот
  • Обезбедување навремена и точна испорака на материјали и управување со залихи.
  • Исполнување на KPI-ите во магацинот и стандардите за квалитет.
  • Следење на продуктивноста и перформансите за доделените задачи.
  • Комуницирање со други раководители и менаџментот.

Образование, искуство, вештини:

Средно техничко образование, или универзитетска диплома ќе се смета за предност.

  • 2–3 години искуство како раководител на тим/водач на смена во магацин или производствена средина (по можност автомобилска) и искуство со ERP/MRP системи.
  • Напредно познавање на англиски јазик и MS Office,
  • Силни вештини за планирање, лидерство и решавање проблеми.
  • Искуство со компјутери
  • Возачка дозвола Б категорија

Што обезбедуваме:

  • Конкурентни примања на македонскиот пазар;
  • Здраво и безбедно работно опкружување;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Сигурност на вработувањето;
  • Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
  • Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
  • Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан.

Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за “Сменоводител во магацин”, преку полето Брза Апликација.

КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.

Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

 

Пријавување до: 13.05.2026

Повеќе информации на следниот линк.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави