Младински Центар Охрид организира тридневна обука „Social Media Bootcamp“, наменета за млади кои сакаат да ги развијат своите вештини во областа на креирање дигитални содржини, креативно пишување, управување со социјални мрежи и дигитален маркетинг.
Обуката ќе се одржи од 20 до 22 октомври 2026 година, од 11:00 до 15:00 часот, во просториите на Младински Центар Охрид.
Во текот на трите дена, учесниците ќе имаат можност преку интерактивни сесии и практични активности да го запознаат целиот процес на создавање дигитална содржина – од развивање на првичната идеја и креативно раскажување приказни, до креирање стратегија за успешна промоција на социјалните мрежи.
Обуката ќе ја водат:
- Мерсиха Исмајлоска – Креативно пишување и дигитално раскажување приказни.
- Дарко Љубиновски – Content Creation, Social Media Management & Digital Marketing.
Social Media Bootcamp претставува можност за стекнување нови знаења, развивање на креативноста и практично усовршување на дигиталните вештини под водство на искусни обучувачи.
Заинтересираните учесници можат да се пријават на следниот линк: Линк за пријава.





