Обука за пишување европски проекти во МЦО

Од 6 до 10 октомври, во Младински центар Охрид ќе се одржи обука за пишување европски проекти, наменета за млади, младински активисти и претставници на граѓански организации од Охридскиот регион.

Во текот на обуката, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со процесот на подготовка на проектна апликација – од идентификување на проблеми и потреби и поставување проектни цели, до планирање активности, подготовка на буџет и развивање квалитетен проектен предлог.

Посебен фокус ќе биде ставен на можностите за аплицирање во рамки на програмата Erasmus+ и други фондови на Европската Унија.

Обуката има за цел да им овозможи на учесниците практични знаења и алатки преку кои своите идеи ќе можат да ги развијат во конкретни и одржливи проектни иницијативи.

Период: 6–10 октомври 2026
Локација: Младински центар Охрид
Пријавување на следниот линк.

You might also like:
No results found.
Like this article? Share with your friends!

Read also: