Инфо за Млади
7

Shift Leader (Лидер на Смена во Продавница) во Sinsay – Охрид

ЛПП МАЦЕДОНИА увоз-извоз ДООЕЛ

Во моментов бараме:

Shift Leader, SINSAY(Лидер на Смена во продавница)-Охрид

Основни одговорности

  •  Секојдневно организирање на работни активности вo продажен објект;
  •  Одговорен за вработените во продажниот објект: Грижа и евиденција на работно време на вработените; Учество во процес на селекција и регрутација на својот тим; Унапредување на вештини и знаења на вработени; Поддршка и негување на тимски дух;
  •  Активно спроведување и следење на компаниски процесите, кодекси и дефинирани стандарди од страна на Работодавачот; имплементација и на процедури согласно законските прописи;
  •  Одговорен за работни резултати, следење на истите и активна имплементација на сите планирани активности со цел постигнување на планирани продажни цели;
  •  Следење на залиха на роба и управување со процес на прием и поврат на роба;
  •  Грижа и одговорност за дневниот пазар, одговорен за состојбата на благајна каса и трезор;
  •  Работа и наплата на каса;
  •  Грижа и одржување на високи стандарди на услуга на клиенти, изгледот и хигиената на објектот;

 

Што очекуваме

  •  Степен на образование – ССС/ВСС;
  •  Релевантно професионално искуство на иста или слична позиција во текстилна индустрија;
  •  Одлични комуникациски вештини;
  •  Напредни тим лидерски вештини и искуство во водење на тим;
  •  Одлични организациски вештини (способност за приоретизирање и поставување на цели);
  •  Задолжително е познавање на aнглиски јазик (говорење и пишување);
  •  Напредно ниво на познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point);

 

Ние Ви нудиме

  • Стабилна позиција во сигурна и реномирана интернационална компанија во областа на модна индустрија;
  • Динамична работна средина;
  • Можност за кариерен раст и развој;
  • Атрактивна месечна плата со дополнителен бонус систем и дополнителни бенефити;
  • Пријатна и пријателска работна атмосфера која овозможува размена на искуства и знаење и одлична тимска работа;
  • Континуирана можност за едукација и унапредување на професионални вештини, како и стекнување на нови;

 

Пријавување до 26.05.2026

Повеќе информации на следниот линк.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави