Инфо за Млади
9

Отворен повик за учество на Регионалниот младински форум „EUth Negotiators of the Future“

Strategers Institute, заедно со Partners Albania for Change and Development, НВО Центар за младинска едукација и ReSPA – Регионалната школа за јавна администрација, ги поканува младите од Македонија, Албанија и Црна Гора да учествуваат на Регионалниот младински форум „EUth Negotiators of the Future“, кој ќе се одржи од 1 до 3 октомври 2026 година во Подгорица, Црна Гора.

Форумот ќе комбинира стручни предавања, интерактивно учење, регионална размена на искуства и практична симулација на преговорите за пристапување кон Европската Унија.

Учесниците ќе имаат можност да:

  • го продлабочат своето разбирање за процесот на пристапување и преговори со Европската Унија;
  • ги зајакнат своите вештини за преговарање, комуникација и креирање политики;
  • разменат мислења и перспективи со млади од земјите од регионот;
  • учествуваат во практична симулација на преговори;
  • придонесат кон креирањето младински препораки за европската иднина на регионот.

Ќе бидат избрани 21 млад учесник од Македонија, Албанија и Црна Гора.

Работен јазик на форумот е англискиот.

Рок за пријавување: 10 септември 2026 година

Пријава за учество на следниов линк.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави