Инфо за Млади
3

Оператор Сетер во жичани инсталации

Magna International Inc. е водечки светски добавувач на автомобилски компоненти посветен на развивање на нови мобилни решенија и технологија која ќе го промени светот. Нашите продукти и системи се вградени во две од секои три возила произведени во светот и глобалната мрежа на Magna International Inc. се наоѓа на пет континенти и 28 држави и се состои од 347 производствени операции и 84 центри за инженеринг, продажба и развој со повеќе од 158,000 вработени кои се фокусирани на испорачување на супериорна вредност на нашите клиенти преку иновативни процеси и производство од највисок квалитет.

За потребите на својата дивизија за производство на ретровизори Magna Mirrors, во Охридско/Струшкиот регион, имаме потреба од:
Оператор Сетер во жичани инсталации  

Главни одговорности:

  • Навремено информирање на Тим Лидерот и Инженерот/Супервизорот на продукција за сите поврзани процеси во случај на отстапувања од таргетите, проблеми или ризици.
  • Координација, управување и развој на вработените кои директно му се подредени.
  • Одлично познавање на подесување на машини во Pre ASSY делот на WH.
  • Добро познавање на одржување на алати во Pre ASSY делот на WH.
  • Добро познавање на SPC методологијата и следење на критичните параметри на машините во Pre ASSY делот на WH.
  • Добро познавање на подесување алати за Schleuniger, ProEff Pro Twist, Mecal TT​crimping press, KabaTec, KTHB Smart машини.
  • Учество во управување со грешки во процесот.
  • Учество во управување со промени во процесот.
  • Обезбедување влезни информации за оптимизација на постројките и процесите.
  • Соработка со производство.​​​​

Секојдневни активности:

  • Контролира и управува со производните групи на начин што:производните налози ќе бидат навремено и во соодветни количини реализирани за
  • Pre ASSY делот,
  • ќе се постигнат индикаторите за продуктивност,
  • ќе се исполнат PPM спецификациите,има обврска да пријавува опасни ситуации и повреди на работно место,
  • ќе се спроведуваат и почитуваат барањата на автомобилскиот стандард IATF 16949
  • во неговите процеси,
  • ќе се обезбеди непречен производствен процес преку соодветно ангажирање на вработените,
  • ќе се обезбеди координација со внатрешни добавувачи и клиенти,
  • ќе се врши континуирана обука за ажурираните работни инструкции.

Потребно искуство:​​​

  • Завршено средно образование
  • Основно познавање на Microsoft Office (Word, Excel)
  • Основно познавање за работа со ERP системи
  • Отпорност на стрес
  • Ориентираност кон резултати и ориентираност кон тимска работа

Што нудиме:

  • Организиран превоз и топол оброк
  • Обуки и стекнување на нови вештини
  • Можности за интерни унапредувања
  • Отворена и динамична корпоративна култура
  • Бонус систем
  • Приватно здравствено осигурување

 

Пријавување до: 04.04.2026

Повеќе информации на следниот линк.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави