Учениците од ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” од Охрид, под менторство на професорот Ацо Вретоски, изработија видеоспот (видеореклама) за натпреварот МАССУМ 2023 на тема: ,,Притисокот и стресот во врска со учењето и успехот на училиште”, под наслов: ,,Голема цена за големи достигнувања: Совладување на стресот и постигнување успех”.
Учениците кои го изработија видеоспотот се: Бобан Кочески, Иво Јовчески, Ален Бајрам и Димитар Димоски од паралелката III-3.
Овој видеоспот го освои второто (2-то) место во конкуренција од средните стручни училишта во Македонија.
Истиот можете да го погледнете на следниот линк.