На 7 мај 2026 година (четврток), со почеток во 12:00 часот, СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид, во соработка со ЈП „Билјанини извори“ – Охрид, организира хуманитарна трка под мотото „Од срце трчај – со срце дарувај за малата Ева“.
Овој настан има за цел да собере средства за лекување на 10-годишната Ева од Охрид, која храбро се соочува со агресивна форма на остеосарком – редок и сериозен малиген тумор на коските. Поради сложеноста на дијагнозата и потребата од специјализиран третман, лекувањето не може да се реализира во Македонија. Во моментов, Ева се лекува во специјализирана клиника во Минхен, Германија, каде ѝ е потребна континуирана медицинска грижа и значителна финансиска поддршка.
Трката ќе се одвива на делница од околу 5 километри, на потегот од почетокот на кејот пред „Харбор“ до почетокот на плажата „Горица 1“. Учесниците ќе можат да се приклучат во повеќе категории: ученици, наставници, родители и останати возрасни граѓани.
Ги повикуваме сите хумани луѓе, спортисти, рекреативци и граѓани да се приклучат на овој настан и преку своето учество да дадат поддршка за лекувањето на Ева.
Пријавувањето може да се изврши онлајн на следниот линк:
https://svkirilimetodij.edu.mk/
или лично во просториите на училиштето.
Подигнувањето на стартните броеви ќе се одвива на 5 и 6 мај 2026 година, во периодот од 08:00 до 17:00 часот, во училишниот двор на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид.
Да трчаме заедно, да помогнеме заедно. ❤️









